Денес, 17.04. 2008 година, во издание на Американско- канадската и Европска епархија излезе од печат ЦД и книга СТАТИИ НА ВЕЛИК ПЕТОК.

Препевот од црквенословенски го направи Митрополит Американско- канадски г. Методиј.

 Mузичка изведбa e на протопсалт Гоце Секулоски и хорот "Јустинијана Прима" од  МПБ "Свети Климент Охридски" во населба Драчево во Скопје.

Неочекувана, и многу мила  беше средбата, со дел од богословскиот хор „Јустинијана Прима“. Учениците  радосно ја разгледаа и прокоментираа оваа драгоцена книга.

 

 

kniga.statii2.jpg

 


kniga.statii.jpg   kniga.statii4.jpg

kniga.statii1.jpg

 kniga.statii3.jpg

наслов на оригиналот:
Триодь Постная. Москва, 2002.
Т677. Ч2-М.: Издательскии Совет
Русской Православной Церкви.

здружено издание на
Американско-канадската и Европската епархија

препев од црквенословенски, прелом и дизајн:
Митрополит Методиј Златанов
лектура:
Никола Мадешовски

kniga.statii7.jpg
музичка изведба: Протопсалт Гоце Секулоски
и хорот "Јустинијана Прима" од  МПБ "Свети Климент Охридски"


икона на поднасловната страна: Зограф Кирил Златанов
компјутерска обработка: Александар Рајчевски

                                         Антониј Попоски

 Извадок од книгата

„Прва статија
Благословен си, Господи, научи ме на
Твоите заповеди.
1.стих: Блажени се непорочните кои одат според законот Господов.

Живот си Христе, а во гроб се положи и ангелските воинства се исплашиа, славејќи го твоето снисходење.
2. Блажени се оние кои ги  испитуваат сведоштвата Негови и од се срце Го бараат.
Животе, како умираш? Како и во гроб престојуваш? Но царството на смртта го разоруваш и од адот мртвите ги  подигнуваш.... “

 

Аудио: Бог Господ ни се јави

{wma}StatiivPetok1{/wma}

 

 Посети:{moshits}