На 1 ноември 2015г., во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога Црквата го празнува споменот на светиот Прохор Пчињски, во истоимената црква во Пјаченца (Италијанска Република) Неговото Високопреосвештенство, европскиот Митрополит г. Пимен, во сослужение на Високопреосветениот кумановско-осоговски Митрополит г. д-р Јосиф отслужи Архиерејска Божествена Литургија. Кон литургиското собрание по повод храмовата слава притекнаа бројни верни чеда на Европската епархија на МПЦ-ОА од различни делови на Италија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

 

Извор: Кумановско- осоговска епархија