логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  петок, 18 април 2008 
    
 
Нам на свештенството, за жал, ни се многу поинтересни црковните треби и чинодејствија кои имаат парична тарифа, отколку оние кои немаат тарифа, како на пример, служењето Литургија, исповедта, причестувањето, проповедањето, духовното раководење 
  
   pimen.pokaen.jpg
  
  
 Пишува: Митрополит Пимен

Полека се приближуваме кон најголемиот христијански празник. Со тоа и кон последната седмица од Велигденскиот пост. Седмица во која верувам многу луѓе ќе се обидат да постат за да се причестат на крајот од постот односно на празникот на Воскресението Христово или народски кажано на Велигден. Ќе се обидат да постат и да не јадат мрсна храна, ама ќе заборават дека не треба да го јадат својот ближен. Ќе заборават дека постот е воздржување од лоши дела, лоши зборови, па и лоши помисли.
 
Некои ќе се обидат и да симнат некој килограм, односно да го искористат постот како диета. Тие пак ќе заборават дека се пости од вера, а не од естетски причини. Некои ќе се обидат да го искористат постот за да направат некое добро дело пред Бога, за потоа да направат договор со Него во стилот, еве јас ќе испостам една седмица без масло, ама за сметка на тоа, Ти мене ќе ми дадеш здравје, пари, слава, успех... Ќе заборават дека Бог не им е должен ним ама баш ништо. Бог не е желботека.
 
Некои ќе постат за да се докажат самите пред себе колку силен карактер имаат, а ќе заборават дека Бог не не учи да бидеме егоисти. Некои ќе постат за да добијат смирение и да ги избегнат искушенијата. Овие пак ќе заборават дека деновите на постот се благодатни денови и дека тука важи правилото колку поголема благодат толку поголеми искушенија. Една група ќе постат за други, односно за децата, за старите, за болните, но ќе заборават дека православната вера е личносна вера и дека секој може да има вера, и дека, дури и цел свет да се моли за некого, Бог нема да интервенира додека тој самиот не дозволи Божја интервенција. Сигурно ќе има и други мотиви поради кои ќе се пости. Нејсе.
 
Убаво ги искритикував луѓето кои постат, но на погрешна основа, и не кажав дека се виновни за тоа. А, ако тие не се виновни за тоа тогаш кој е? Секако тој што не ги научил како треба, тој што не ги посоветувал. И сега некој ќе треба да не искритикува нас свештенството за пропустот, бидејќи, сепак, ние сме тие кои имаме обврска да го сториме тоа. Да не чекаме некој друг да го направи тоа додека сме кај темава, ќе ја почнам јас самокритички.
 
Нам на свештенството, за жал, ни се многу поинтересни  црковните треби и чинодејствија кои имаат парична тарифа, отколку оние кои немаат тарифа, како на пример, служењето Литургија, исповедта, причестувањето, проповедањето, духовното раководење. И сега сосема е “нормално” приоритет да им даваме на оние работи кои ни се поинтересни. Од тука зпочнува проблемот. Забораваме на Христовите зборови „бесплатно добивте, бесплатно давајте“. Потоа во случај на напад, на полето дека слабо се трудиме да допреме до народот, имаме спремен одговор дека народот не доаѓа во црква, па од таа причина не може да се допре до него, а забораваме дека Христијанството е мисионерска вера, забораваме дека светиот апостол Павле пеш го обиколил тогаш познатиот свет и покрстил толку многу народ.
 
Не сакаме да се сетиме дека живееме во 21 век и дека денес има толку многу медиуми кои ни овозможуваат да пласираме се што сакаме да кажеме. Е, арно ама во последниве години медиумите ги користиме повеќе за да се оправдаме кога за нешто сме нападнати отколку за да кажеме нешто душеполезно и спасително. Па потоа не е ништо чудно што луѓе не не застануваат на улица за да не прашаат како може да постат или да се молат, туку се почесто не прашуваат што е со Вранишкоски, со Изгрев, со Австралија. А, како да не застанат и прашаат на улица кога не можат да препознаат свештеник. Па нели не му пишува на свештеникот на чело дека е свештеник, туку тој се препознава по неговата секојдневна свештеничка облека, по мантијата која треба да ја носи. А колкумина од нас надвор од храмот носиме мантија? Забораваме на канонот кој не обврзува надвор од својот дом да не се појавуваме без мантија. Ќе се согласиме сите верувам дека најчесто во црква одиме кога ќе не поканат на крштевка, венчавка и согласно тоа, не дај Боже за погреб. Тука имаме можност да го видиме и препознаеме свештеникот дека е свештеник, а тој пак има прилика тогаш да се обрати на народот и на момент да види дека има исклучок од правилото дека народот не доаѓа во црква.
 
Но веднаш наидуваме на друг проблем. Поради тоа што е закажан термин, а по него има и друг термин, па и поради тоа што мораме на време да бидеме во расторанот и овие црковни треби поминуваат колку за адет, онака набрзина и повторно ја пропуштаме можноста нешто повеќе да кажеме за верата, за подвигот, за смислата и целта на животот, и да објасниме дека крштевањето, венчавањето и погребението не се само адети, и дека не треба тоа да се направи само поради форма, туку дека тоа има и длабока суштина и дека откако ќе се крстиме стануваме членови на Црквата со одредени права, но и обврски, пред се, заради нас самите. Дека улогата на кумот не е прв да заигра на свадбата, туку да се грижи за правилниот духовен развој на оние кои ги крстил и венчал. Сето ова не ќе стигнеме или ќе го заборавиме да го нагласиме, но тарифата никако да ја заборавиме.
 
Тука е и проблемот на клирикализмот и институционализација на свештенството. Свештеникот не е веќе прв меѓу еднаквите, како што е определено според благодатта Божја и како што бил поставен во раната Црква, денес се гледа некако да се постави над народот. Сето тоа уште повеќе го оддалечува од народот. Забораваме на евангелските зборови на Христос, Синот Божји и Спасителот, дека кој сака да биде прв и најголем треба да им слугува на другите. И сега свештеникот не е препознат од верниот народ како еден од нив, а со тоа тешко дека ќе може да оствариме и личносен однос со нив. Ако пак не го оствариме тој личносен однос со мирјаните тие никогаш нема да се отворат кон нас и нашето слово нема да допре до нив. Штом не се отворат, нема да имаат ни доверба да се исповедаат и да се посоветуваат за правилата на духовниот живот. Кога е ваква ситуацијата каква што е, разбирливо е што луѓето почесто се советуваат со своите баби отколку со нас.
 
          И уште една работа знам дека им смета на луѓето. Не сите стоиме со дело зад зборовите, не сите го живееме она што го проповедаме. А штом не го живееме, словото наше побргу ќе биде технологија на зборови отколку теологија на живот. Забораваме на зборовите на светиот Григориј Палама дека „на секое слово можеме да се спротиставиме со збор, но не можеме да се спротиставиме на словото потврдено со живот“. Успешноста ја мериме со тоа што сме изградиле црква, а не со тоа што сме успеале некоја постоечка да ја наполниме со верници. Не размислуваме дека зданието е храм, а Црква е народот собран во името Христово на Евхаристија, на Света Литургија околу својот пастир. Има секако уште многу нешта за кои сме дале повод да не критикуваат, но сосема е доволно за почеток за да се поправиме и преумиме за овие веќе наброените.
 
Ги наброивме пропустите и на едната и на другата страна, ни останува уште да почнеме да се поправаме на двете страни. Од тоа пак во најголема мера зависи нашата иднина како народ. Ако се поправиме сигурно и довербата и соработката ќе ни се продлабочат. Таква соработка и доверба сме имале низ вековите кога сме немале држава, ама сме имале Црква полна со Живот и затоа сме опстоиле. Споменав погоре дека искушенијата стојат правопропорционално со благодатта, бидејќи ако се нема благодат тешко се опстојува на искушенија, а пак нив ги имаме доволно слава Му на Бога, од проблемот со јужниот сосед до внатрешните проблеми и поделби. Сигурно сме Му мили на Бога па не дарува со нив.
 
Е таков е патот на Христијаните, преку Крст до Воскресение. Ни останува кратко време до Велигден, па затоа апелирам да се свртиме кон себе, да погледнеме длабоко во нашето срце и да се покаеме за секој наш грев и со љубов да ја посведочиме нашата вера и пред Христијаните и пред Муслиманите и пред Евреите. Тогаш ќе чуеме пофалби од нив за многу години празникот комшија, а ние со радост ќе одговориме амин, со се вас. Тогаш дури ќе можеме по Крстот да го очекуваме и нашето воскресение со Воскресението Христово.

 Извор:www.kirilica.com.mk

 

http://preminportal.com.mk/content/view/1682/54/

Посети:{moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

10/07/2025 - четврток

Петровденски пости (на масло)

Св. Сампсон Странопримец; Св. презвитер Севир; Св. Јоана Мироносица ; Свештеномаченик Јосиф Дамаскин;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина  6 јули/23 јуни 2025

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 6 јули/23 јуни 2025

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни   2025

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни 2025

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная