Во Цветната Недела кога Светата Црква го празнува Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим, во малечката црква на Свети Георгиј Кратовски во Детроит, се отслужи Божествена Литургија. Храмот беше претесен за сите оние кои пристигнаа со радост да го прослават
овој голем празник!
За време на Големиот вход лугето постилаа делови од својата облека под нозете на свестеникот и со палмови гранчиња во рацете се радувааа на споменот на влегувањето на Господ во Ерусалим.Многу од верните се причестија со Светите Дарови, а после богослужбата во црековната тарпезарија беше приготвена празнична трпеза на љубовта!
Известуваат верници од црквата Св Георгиј Кратовски од Детроит