„За да ја утврдиш верата во Општото воскресение, Христе Боже наш, пред Твоето доброволно страдање, во Витанија си го воскреснал од мртвите четвородневниот Лазар со Твојата сила, а на слепите си им го вратил видот, Спасе, дарителу на Светлина, и со Твоите ученици си влегол во Светиот град, седејќи на младо осле, носен како од херувими, исполнувајќи ги пророчките претскажувања, а децата еврејски со гранчиња Те пресретнуваа затоа и ние, носејќи врбови и маслинови гранчиња, благодарствено Ти пееме: Осана во висините, благословен е Оној што доаѓа во името на Господа. “