На 27.02.2016 година, на празникот Упокоение на св. Кирил Солунски, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија освети и постави камен - темелник за издигнување крст во Општина Бутел. Инвестититор на проектот е Светскиот Македонски Конгрес. На осветувањето присуствуваше Потпретседателот на Владата на Р. Македонија господин Владимир Пешевски и градоначалници на неколку општини од Град Скопје.
Извор: Скопска епархија