СОБОРЕН ХРАМ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ (00:30ч)
Со пеењето на Воскресниот Канон, во сите храмови на Македонската Православна Црква се објави славното Христово Воскресение.
Ирмос 1
Ден е на Воскресение! Dа се просветиме, луѓе.,
Пасха е, Господова Пасха!
Zашто од смртта кон животот, и од земјата кон небото,
Христос Бог не преведе, победна песна пееме:
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ
По пеењето на Воскресната утрена, започна торжествената Златоустова Литургија, на која молитвено учетвуваше многуброен верен народ. На светата Литургија по Великиот Велигденски пост, верниците се причестиа со Светите Тајни Христови. Му благодариме на Бога за Неговата неизмерна милост кон сите нас и сиот род човечки.
ХРАМ СВ.АРХАНГЕЛ МИХАИЛ- Скопје (02:30ч.)
Посети:{moshits}