j.florida.veligden3.jpg 

j.florida.veligden.jpgМакедонската Православна Црква “Св. Димитрија” од Гарден Палм Бич Јужна Флорида ги одбележа и прослави на најсвечен и величествен начин деновите на нашиот најголем Христијански празник, Воскресение Христово - Велигден. За првпат верниците од оваа заедница можеа да присуствуваат на сите богослужби кои му претходат на настанот Воскресение Христово (Велики четврток, Велики петок и Велика сабота) бидејќи скоро во целост се завршени работите околу оспособување на црквата и реновирањето на салата. Редиците богослужби кои беа извршени од страна на парохискиот свештеник отец Ристо Тоцинов беа проследени од големото присуство на верниот македонски народ од овие простори, а и од лујге кои припаѓаат на други националности. На една од богослужбите во неделата на Воскресение беа присутни и амбасадорот на Република Македонија д-р Зоран Јолевски, а и новиот почесен конзул на РМ за Флорида господинот Лу Влашо.  

j.florida.veligden1.jpg
j.florida.veligden2.jpg

Црквата и салата на сите богуслѕжби и свечености беа преполни со народ. На светата литургија се причестија голема група на верници, особено за одбележување е причестувањето на поголем број на жени од женската секција. За да може во целост да се извршат сите богослужби голема заслуга има и нашиот драг пријател и иконописец Глигор Стефанов кој на црквата и го поклони осликано Распетие Христово. Користиме прилика најнапред на Нашиот Архиереј Неговото Високо Преосвештенсто Митрополит г-дин Методиј, на Поглаварот на МПЦ Архиепископот г-дин Стефан, на сите Архиереји, свештеници и монаси, како и верните чеда на нашата Свети Климентова Македонска Православна Црква да им го честитаме Воскресението Христово - Велигден поздравувајки ги со радосниот Христијански поздрав  ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !        

Warning: No images in specified directory. Please check the directory!

Debug: specified directory - https://preminportal.mk/images/Juzna.Florida

        
Известува Отец Ристо Тоцинов