логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Објавено: 19 Август 2016

preobrazenie2016 1

„Христос, Кој ја носи сета вселена, со Своите пречисти нозе се искачи на Таворската Гора, на која Неговото лице болсна посилно од зраците на Сонцето, ги повикува избраните на Законот на благодатта, кои пеат: Сите дела Господови, благословете Го Господа“ (песна од Канонот на Утрена на Преображение Христово).

preobrazenie2016 2

На 19.08.2016 година, денот кога го прославуваме Преображението Христово, кога нашиот Спасител, Господ Исус Христос, се облече во светлина како со облека и ја покажа Својата Божествена слава, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. За време на Литургијата, а на своето соодветно место, беше осветен и овогодинешниот лозов плод - грозјето, кое што најпрво се преобразува во вино, а потоа и во Крв Христова, онака како што и нашиот Спасител се преобрази на Тавор. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Митрополит Тимотеј 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.Драги браќа и сестри, Празникот Преображение Господово, во светата Црква, а и за нас нејзините членови, се јавува како голема утеха и надеж. За нас, грешните и обременети со страсти во овоземниот живот. Во евангелското четиво слушнавме дека Господ Исус Христос се преобразил на гората Тавор пред тројца Свои апостоли. Се преобразил покажувајќи им ја Својата Божествена природа, но, онолку колку што тие можеле да примат.
Овој настан се случува пред последните дни од животот на Господа Христа, односно, пред Неговото омаловажување, клеветење, судење, тепање, распнување, и тоа на крст, и конечно, Неговата смрт. Пројавувањето на Неговата Божествена слава било потребно за да ги утврди апостолите во верата. Да ги охрабри и да ги вдахнови за да не потклекнат пред искушенијата. Да отфрли секаков сомнеж и да не се откажат од својот сакан Учител. Оваа појава на Божјата слава, всушност, е изливање на Божјата капка на радост врз учениците. Со преображението Христос запалил силен огин на надеж во срцата на апостолите. Огин кој ќе свети пред нив во периодот исполнет со темнина и со очај.
За време на Преображението, Господ Христос им дал да вкусат од небесниот свет. Преображението се случува во присуство на двајца старозаветни пророци, и тоа Мојсеј и Илија. Преку овие ревносни исполнувачи на законот Божји, Христос сака да ги убеди и апостолите дека доколку Го следат Неговиот пат и Неговото слово, и тие, односно нивните души, ќе имаат вечен и блажен живот.
На овој важен момент, Господ, не само што ја јавил Својата слава, туку, Он им ги покажал и ги открил, не на телесните очи, туку, на душата и духот на апостолите, небесната духовна висина и небесниот духовен свет. Им ја покажал радоста на повторното раѓање кон кое се повикани сите луѓе. Токму овој миг на доживување, често пати апостолите ги побудувало да зборуваат за тоа неизречено торжество и таа радост којашто Бог ја создал за сите оние кои Го љубат.
Ова ветување не се однесува само на апостолите, тоа се однесува на сите христијани. Бидејќи Бог сака сите да се спасат и да ја познаат вистината (1. Тим. 2, 4). Заради спасението на сите Бог стана човек. Се воплоти, пострада и умре на крстот, но, воскресна и се вознесе заради вечен и благодатен живот на секој еден од нас. Господ ја покажал Божествената слава која Нему Му припаѓа по природа. Но, кон таа слава, кон тоа благодатно царство повикани сме сите. Повикани сме да го оствариме по благодат, доколку се трудиме и кон истото чезнееме. Тоа ќе можеме да го постигнеме ако се трудиме нашиот живот постојано да го преобразуваме. Ќе се преобразиме само преку молитвата, постот и добродетелниот живот. Само така ќе се одлепиме од земната приврзаност и ќе се издигнеме повисоко од земјата, на духовен план, и ќе ги отсечеме сите препреки кои нè сопнуваат и нè запираат на тој возвишен и благодатен живот.
Прв чекор кон тоа преобразување е покајанието. Покајание, на грчки се нарекува μετάνοια, и тоа не значи само покајание, туку преумување, односно, изменување на нашиот ум, на нашето срце и на нашиот живот.
Овој Божествен дар, односно, благодатта, штедро се нуди на сите. Но, од нас зависи дали тој понуден дар ќе го примиме, и дали доволно ќе се потрудиме на себе, да се очистиме, поточно, да направиме проверка на сопствениот храм. Некогаш потребно е целосно реновирање, а доколку, пак, сме западнале во тешки непријатности и гревови дури и реконструкција.
И ние денеска, кога го прославуваме Преображението Господово, да отфрлиме од нашите срца и од нашите души секакви лоши мисли и слабости. Да обезбедиме во нашите срца од тој благодатен огин што ги запалил срцата на апостолите. Та и кај нас да се запали свеќа на радост, и ние да живееме вистински христијански живот исполнет со добродетели. Така живеејќи да ја добиеме Божјата милост, којашто ќе ги препороди нашите срца и души со преображенска светлина. Исполнети со таа преображенска светлина да одиме кон светото и возвишеното, кон царството небесно. Амин. 

 preobrazenie2016 3

preobrazenie2016 4

preobrazenie2016 6

preobrazenie2016 8

 preobrazenie2016 9

preobrazenie2016 10

preobrazenie2016 11

Преображение Господово
19.08.2016 год.
Храм „Св. вмч. Георгиј" - Струга

Дебарско- кичевска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

07/06/2025 - сабота

+Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител; Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Кипарски; Светите маченици Пасикрат, Валентион, Јулиј и други; (Задушница);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная