На 24.11.2016 година, по повод 200 години (1816-2016), од печатењето на книгата „ОГЛЕДАЛО“ од игуменот Кирил Пејчиновиќ, во Лешочкиот манастир беше отслужена панихида на која богослужеа Митрополитите Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Кумановско-осоговски д-р г. Јосиф, и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Во организација на МПЦ-ОА Тетовско-гостиварската епархија и Матица Македонска, беше промовирана книгата „Огледало за Огледало од Кирил Тетовец Пејчиновиќ“ од авторот Борис П. Момироски Лешанин. Промотори на книгата беа Неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан и проф.д-р Марко Китески. Свеченоста на овој јубилеј со своето прекрасно пеење ја збогати и женскиот хор „Менада“ од Тетово, под раководство на маестро проф. д-р Ивица Зориќ. По промоцијата се посети и спомен собата на игуменот Кирил Пејчиновиќ која се наоѓа во манастирскиот конак.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија