Барбара Хендрикс вечерва на сцената на Античкиот театар


Охрид, 19 јули (МИА) -

Во музиката давам дел од себе, од својот живот, ги искажувам своите емоции и напорите да оставам свој белег. Мојата музика ги изразува моите чувства. Ова се зборовите на светски познатиот сопран Барбара Хендрикс искажани на денешната прес-конференција пред нејзиниот
вечерашен настап на сцената на Античкиот театар во Охрид.

 
Настојувам добро да се подготвам за секој настап, истакнува Хендрикс и додава дека Античкиот театар е погодна сцена за нејзината музика. - Со џезот се дружам од најраните години, а блузот ги определи моите хуманитарни активности. Блузот ме научи колку сме блиски како луѓе. Имам своја фондација која се грижи за децата бегалци, во камповите да завршат средно образование и се вратат во своите земји како луѓе застанати на свои нозе, рече Хендрикс.

БАРБАРА ХЕНДРИКС Е ВОДЕЧКИ СВЕТСКИ СОПРАН, ПИТОМЕЦ НА РЕНОМИРАНАТА ЏУЛИЈАРД- ШКОЛА.



Вечерва таа на сцената на Античкиот театар ќе изведе дела од Били Холидеј, Дјук Елингтон, Џорџ Гершвин и Кол Кортер, а настапува заедно со Магнус
Линдгренд-квартетот од Шведска, соработка која трае веќе пет години - затоа што, вели Хендрикс, се најдобри и многу талентирани.

Како изведувач на џезот, таа е гостин на 47. издание на најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија „Охридско лето“, а овој реномиран и сестран уметник досега настапувала на бројни оперски сцени и концертни медиуми ширум светот.


Таа е почесен доктор на повеќе европски и американски универзитети, член на Шведската музичка академија, познат светски хуманист и одликувана со „Витез на почесната легија“. бѓ/паг/13:15





пп