lit.konstantin5.jpg


lit.konstantin.jpg

  Светите апостоли Јасон и Сосипатар
и девицата Керкира

Тие двајцата беа од Седумдесеттемина апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги спомнува Св. апостол Павле (Римјани 16, 21) и ги нарекува свои роднини. Јасон беше родум од Тарс како и самиот Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот апостолите го поставија за епископ Тарсиски, а вториот за епископ Икониски. Патувајќи и проповедајќи го Евангелието овие двајца апостоли стасаа на островот Крф, каде што успеаја да подигнат црква посветена на споменот на Св. првомаченик Стефан и да придобијат некои незнабожци за Црквата. Царот на овој остров ги фрли во затвор, а внатре беа затворени седуммина разбојници: Сагорниј, Јакисхол, Фаустијан, Јануариј, Марсалиј, Ефрасиј и Мамиј. Апостолите ги приведоа овие седуммина во Христовата вера и ги направија од волци јагниња. Кога слушна за тоа царот нареди да ги убијат со врела смола. Така сите примија маченички венци. А кога ги мачеше апостолите, царската ќерка Керкира ги гледаше од прозорецот маките на Божјите луѓе, па штом дозна зошто ги мачат и самата се огласи за христијанка и им го раздаде својот накит на сиромашните. Царот се разгневи на својата ќерка и ја затвори во посебен затвор, па бидејќи со ништо не успеа да ја одврати од Христа, нареди и во затворот ја запалија. Затворот изгоре, но девицата остана жива. Кога го виде ова чудо, се крсти многуброен народ. Тогаш царот разјарен нареди и ја врзаа ќерка му за едно дрво и ја убија со стрели. Оние што поверуваа во Христа побегнаа од страшниот цар на блискиот остров и се сокрија. Царот тргна на кораб за да ги фати, но коработ потона во морето и нечестивиот цар загина како некогаш фараонот. Новиот цар ја прими Христовата вера, се крсти и го доби името Севастијан. Јасон и Сосипатар слободно го проповедаа Евангелието и ја утврдуваа Црквата Божја на Крф до нивната длабока старост и таму го завршија својот земен живот, па преминаа кај Господ.(Од Верскиот календар на МПЦ) 

lit.konstantin1.jpg

Во денот кога Светата Црква го слави споменот на светите  апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира , во храмот посветен на св. Јован Крстител во населбата Капиштец во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести  со Светите Тајни Христови.

lit.konstantin2.jpg

lit.konstantin4.jpg

 

lit.konstantin3.jpg

 

 Има многу видови на смирение. Некој е послушен и во сè се укорува себеси, и тоа е смирение. Друг се кае за своите гревови, и се смета себеси за нечист пред Бога, и тоа е смирение. Но, поинакво смирение има оној кој Го познал Господа преку Светиот Дух. Тој има друго познание и друг вкус. Кога душата преку Светиот Дух ќе Го види Господа, колку е Он кроток и смирен, тогаш самата се смирува до крај. Тоа е сосема особено смирение, и никој не може да го опише. Тоа се познава само преку Светиот Дух, и да познаеја луѓето преку Светиот Дух каков е нашиот Господ, сите ќе се изменеа. Богатите ќе го презреа своето богатство, учените – своите науки, управниците – својата слава и власт. И сите ќе се смиреа и ќе живееја во голем мир и љубов. И на земјата ќе беше голема радост. Кога душата ќе се предаде на волјата Божја, тогаш во умот повеќе нема ништо освен Бог, и душата со чистиот ум пребива преде Него. (старец Силуан Атонски)

lit.konstantin6.jpg

lit.konstantin8.jpg

lit.konstantin7.jpg