21/05/2008

apostol.jovan.bogoslov.jpg

Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. Имено, кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан. Кога подоцна верните го отворија Јовановиот гроб, не го најдоа телото во гробот. А на 8 мај секоја година се креваше некоја прашина од неговиот гроб, од која се исцелуваа болни од разни болести.

o.tome.svJovan.jpg
 
o.tome.svJovan9.jpg

Во денот кога Светата Црква го слави споменот на светиот апостол и евангелист Јован, во храмот посветен на св. Петка,  во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести  со Светите Тајни Христови.

o.tome.svJovan4.jpg

o.tome.svJovan1.jpg o.tome.svJovan2.jpg

Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бога, но уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот, толку повеќе тој се разгорува. Така е и со Бога. Колку повеќе мислиш на Него, толку повеќе се разгорува љубовта и ревноста спрема Него.

(старец Силуан Атонски)

o.tome.svJovan3.jpg
o.tome.svJovan5.jpg
o.tome.svJovan6.jpg

 

o.tome.svJovan7.jpg
 

По светата Литургија, во чест и слава на св. Јован Богослов,  се освети и прекрши празничниот колач и избра кумот за наредната година.

o.tome.svJovan8.jpg
Посети:{moshits}