На 11. 01. 2018 година,на денот на преселувањето во Царството Небесно на Светиот Гаврил епископ Велички Светогорец – новиот Лесновски чудотворец, чии свети моштии се положени во Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Архимандритот на Лесновската Обител отец Дамаскин со браќата од манастирот и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Празнична Вечерна Богослужба и го благослови и пресече празничниот леб. По петолебието, Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи акатис, пред светите моштии на Светиот Гаврил епископ Велички Светогорец – новиот Лесновски чудотворец, по што одража содржајна беседа.
Извор: Брегалничка епархија