На празникот посветен на св. Атанасиј Велики, Архиепископот г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и Повардарски г. Агатангел отслужи Божествена Литургија во храмот „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Скопје, притоа одбележувајќи 10 години од неговото осветување. Архиепископот во своето пригодно слово потсети на историските околности кога за првпат бил изграден храмот во 1835 година, но и на настаните кои се случиле со неговото опожарување и разграбување. Храмот, под ктиторство на господин Трифун Костовски, повторно е изграден во 2008 година и следи довршување на фрескоживописот.
Извор: Скопска епархија