

На денот на светиот маченик Талалеј и светиот маченик Аскалон, јеромонах Фотиј, игумен на машкиот манастир во Берово, ги обедини во Света Тајна Брак рабите Божји Милош и Драгица.


Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа, за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна. И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат телата свои; оти кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси. Зашто никој никогаш не го намразил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата, бидејќи ние сме членови на Неговото тело – од Неговата плот и коските Негови. Поради тоа човекот ќе го остави таткото свој и мајката своја и ќе се придружи кон жената своја, та обата ќе бидат една плот. Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата. (Ефес. 7, 25-32)
подготви: Б.Ѓ.
соработник на ПреминПортал


подготви: Б.Ѓ.
соработник на ПреминПортал