логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Маестро Зубин Мехта по 40 години повторно пред македонската публика


-------------------------------------------------------

Скопје, 2 јуни (МИА) -
Светски познатиот диригент, маестро Зубин Мехта по четири децении повторно ќе настапи пред македонската публика. Со Израелската филхармонија на вечерашниот концерт во „Метрополис арената“, што се одржува во рамки на програмата на 47-то издание на фестивалот Охридско лето, ќе настапи со изведба на дела од Бетовен, Равел и Дворжак.

Диригентот кој има настапувано на сите светски сцени и со сите глобално реномирани оркестри, денеска на прес-конференција истакна дека вечерашниот репертоар е избран со цел да се покажат различните стилови на музика што ја негува оваа филхармонија.
 





Зубин Мехта денеска е прогласен за почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во областа на  уметноста за неговиот придонес во развојот на музичката култура и афирмацијата на младите, како и за неговата хуманост и солидарност, а од премиерот Никола Груевски доби статуетка на Мајка Тереза.
 


Во својата поздравна реч, професор д-р Ганка Самоилова - Цветановска посочи дека во светската музичка историја маестро Мехта ќе остане забележан како прв индиски диригент кој настапувал со британски оркестар, како најмлад диригент кој настапувал со Виенската и Берлинската филхармонија, најмлад музички директор на еден од најголемите американски оркестри и засега единствениот музички директор на Израелската филхармонија.





 
-Зубин Мехта претставува вистинска инспирација и предизвик за бројните уметници во светот, но она по што тој се издвојува од своите колеги, плејадата на врвни светски диригенти е хуманоста и чувството на солидарност, рече Самоилова-Цветановска.

Заблагодарувајќи се на признанието, Мехта рече дека тоа е потврда на неговиот лајт мотив оти музиката ги спојува луѓето.   

- Ние не сме политичари и не можеме да ги менуваме границите, но можеме да направиме луѓето да се насменуваат едни на други и тоа е она што се обидуваме да го постигнеме. Наградата ја прифаќам и се обврзувам натаму да работам на спојување на луѓето од различни политички опции, рече Мехта.

Премиерот Никола Груевски врачувајќи му ја статуетката рече дека таа се доделува за  на големиот пријател на Македонија да му пренесе дел од нејзиниот дух.
                       


- Неизмерни се полињата на соработка меѓу луѓето и народите, во уметноста, културата, хуманиста и во духовноста. Но, секогаш постојат личности кои претставуваат предводници на творечката инспирација. Ако Мајка Тереза со својата божествена моќ им помага на луѓето, како граѓанка на светот е симбол на светоста и хуманоста, Маестро Мехта вие со виртуозноста на диригентските палки во вашите раце се извишивте до музичкото совршеноство во кое вечерва заедно со големите уметници од пријателски Израел ќе уживаме, рече премиерот Груевски и го покани Мехта повторно да ја посети Македонија за да присуствува на отворањето на спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје која  е во фаза на возобновување.      

Зубин Мехта е роден на 29 април, 1936 година во аристократско семјство во Бомбај, Индија. Љубовта кон музиката ја добил од неговиот татко Мехли Мехта, виолинист и диригент кој бил и основач на Бомбајскиот филхармониски оркестар.  Својата музичка кариера ја почнал под менторство на прочуениот професор Ханс Сваровски на 18-годишна возраст. Диригентското деби го има во Виена, 1958 година. Истата година ја добива и првата награда на натпрварот за млади диригенти во Ливерпул. За време на пет децениската кариера бил музички директор на најголемите филхармониски оркестри и оперски куќи во светот, како Виенската филхармонија каде настапил на три новогодишни концерти, на Берлинската опера, со симфониските оркестри во Монтрел, Лос Анѓелес и Њујорк, како и на Метрополитен операта. Најдолг период бил директор на Њујоршката фихармонија, како и во Израелската филхармонија каде е назначен за нејзин доживотен музички директор. Во моментов паралелно соработува и со оперите во Фиренца и Валенсија, а чест гостин е на Виенската и Берлинската филхармонија.

Мехта е добитник на бројни награди и признанија. Прогласен е за почесен граѓанин на Тел Авив и Фиренца, како и за почесен член на Виенската државна опера и на Центарот за изведувачки уметности Џон.Ф. Кенеди, а во 1999 година ООН му ја доделуваат Наградата за мир и толеранција за животно достигнување. Индиската Влада во 2001 година го одликува со „Падма Вибхусхан“ - второ највисоко цивилно признание на државата.ва/скс/15:53



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

23/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски; Светите маченици Александар и Антонина; Свети Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная