(МПЦО СВ. ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА)

igraorci.zagreb.jpg

igraorci.zagreb1.jpg

igraorci.zagreb2.jpg

igraorci.zagreb3.jpg

igraorci.zagreb4.jpg

igraorci.zagreb5.jpg


Во неделата на 29.06.08. кога Црквата ги слави Св. Тихон,епископ Аматунтски; Св. Маченици Тигриј и Евтоприј, Божествена Литургија отслужи протоереј Кирко Велински, парохиски свештеник.


На Литургијата, покрај голем број верници од Загреб и околните места, присуствуваа и драги гости од Република Македонија, членови на Куд „ Рацин“ ,  oд Kичево , кои се во еднонеделна турнеја низ Република Хрватска, предводени од господин Ѓорѓија Сајкоски, директор на НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ од Кичево  и господин Љупчо Ристески, програмски директор при Куд “Рацин“ од Kичeвo.


Во краткиот разговор со нашинците, дознавам дека ова младо фолклорно друштво е основано пред три години, делува во две постави, возрасни и млади членови, и негуваат македонски изворни песни и ора.


Во Р. Хрватска  гостуваат  прв пат, а по покана на  Куд “Препуштевец“ oд истоименото место покрај Загреб, кое во традиција го  имаа негувањето на меѓународна  фолклорна манифестација.

igraorci.zagreb6.jpg

Нашите млади кичевчани првиот настап го имаа пред загрепската публика , од која  беа испратени со овации. Следеа потоа настапи во Цриквеница, Дуго Село и во местото на домаќините, Препуштевец ,  во чии семејства беа сместени и примени како најдраги гости.

igraorci.zagreb8.jpg  igraorci.zagreb9.jpg
Прекрасни беа облеките на фолклорашите, особено мене ми се дојми изворната носија од Кичево, и онака, измешани со нас,  Црквата на Роковиот Перивој доби едно дополнително празнично руво. За чувствата и радоста што сме заедно...кој да пишва...грло  се стега...секое срце трепереше како што трепереа свеќите. 

Ви благодариме ние, ваши браќа и сестри , драги кичевчани за овој прекрасен дар што ни го дадовте  доаѓајќи при нас, да се почувствуваме со вас, за еден миг, поблиску до нашата Татковина.

igraorci.zagreb7.jpg

Известува: Стојанка Тежак

 Посети:{moshits}