логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Денес, во Музејот на град Скопје, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ја отвори изложбата „Црковната традиција во Скопје и скопско од 4 век до денес“.

 

 СКОПСКАТА МИТРОПОЛИЈА НИЗ ВЕКОВИТЕ

 Слово на Архиепископот г.г. Стефан на отворањето на изложбата Црковната традиција во Скопје и Скопско од IV  век до денес одржано во „Музеј на град Скопје”, на 9 јули 2008 година.

 

Возљубени во Господа,

            Верувам сте согласни дека да се говори за толкувековен период од животот на Скопје, особено за црковната традиција во него и во неговата околина, како што е насловена изложбава – не е ни лесна, ни кратка тема. Скопје и како Скупи бил не само економски и административен, политички и стратешки центар, туку бил и духовен центар. Градот, како и неговата околина, во вековите пред нас, изобилувале со духовност, со сакрални градби и дела, со личности и настани коишто Скопје или Скупи, и Скупи или Скопје, го потврдуваат како вистинска духовна тврдина, како место во кое се раѓале, растеле или со кое, во неговото долго опстојување, владееле истакнати личности.

            Изложбава што е пред нас, иако е само мал дел од богатото духовно наследство на градот на Вардар, претставува прекрасен прилог во одбележувањето на полувековното самостојно делување на МПЦ како возобновена Охридска архиепископија, со одлуката на Црковнонародниот собор во Охрид, одржан од 4-6 октомври 1958 година. Музејот на град Скопје е меѓу првите институции која се сети на овогодишниот јубилеј на нашата Света Црква и која избра вистински начин за да ги посведочи и долгите и длабоките духовни траги на овој дел од македонската земја.

            Инаку, во Македонија за Евангелската вистина се слушнало уште во средината на И век. Во 51 година светиот апостол Павле ги посетил македонските градови Филипи, Солун и Верија и ги формирал првите црковни општини. Во следните години, сè до Миланскиот едикт од 313 година, на нашиве простори, во областа Дарданија и во нашето древно Скупи, христијанизацијата се одвивала под истите услови што важеле како за целиот Источен Илирик, така и за целата Империја. Христијанството не било слободна религија, а христијаните биле прогонувани и измачувани за својата вера во Господа Исуса Христа.

            Со Миланскиот едикт од 313 г., донесен од царот Константин, Христијанството добило слобода, со што се овозможило процесот на покрстување да се одвива со едно забрзано темпо. До крајот на ИВ и В век, Христијанството речиси целосно го потиснало паганството и другите присутни верувања.

            Во тој период, центар и главен град на областа Дарданија било древното Скупи (Скопје). Црковниот живот во овој регион бил солидно организиран, така што веќе во V ек (451 г.) Скупската епархија прераснала во митрополија. Нешто малку подоцна, во Источниот Илирик веќе имало околу 120 епархии. Во тие години, црковните градби во Скупската митрополија главно биле сконцентрирани во три региони: во самиот град, на Скопска Црна Гора и по течението на реката Треска.

            Во архитектурата и живописот, нашите предци го вградувале својот духовен живот, со што се вброиле во најцивилизираните народи на стариот континент. Драгоцен придонес во духовниот живот на Скупската митрополија, во тој период, дале нејзините митрополити: Дакус – учесник на Првиот Вселенски собор 325 г., Паригориј – учесник на соборот во Сердика – Софија 343 г., Јован и др. Духовниот растеж на Скупската митрополија бил прекинат со земјотресот во 518 година.

            Од ВИ век, поконкретно од 535 г., Скупската митрополија влегла во рамките на познатата Архиепископија Јустинијана Прима, чие седиште, исто така, било во скопската котлина. Таквата положба траела сè до крајот на векот – до 602 г. Јустинијана Прима оставила силен духовен печат на нашите простори и подоцна послужила како основа за Охридската Архиепископија.

            Христијанизацијата и утврдувањето на верата во Источниот Илирик, како процес не бил завршена ни во ВИИ век. Тоа траело и во времето на императорите иконоборци, во ВИИИ век, а се потврдува и со мисиите на светите Браќа од Солун, како и со издадениот државен декрет за покрстување на сето население во државата во 864 година. Но и по тој официјален државен акт, христијанизацијата не била целосно завршена. Дури со доаѓањето на светите Климент и Наум во денешна Западна Македонија, кон крајот на IX и почетокот на X век, тој процес на христијанизација конечно бил завршен.

            Со создавањето на Самоиловата држава, во 976 година, Скопската епархија се нашла во рамките на Охридската архиепископија. Меѓу архиепископските столици што се наоѓаат во апсидата од олтарот на соборната црква Св. Ахил, на истоимениот остров во Преспанското езеро, имало и столица за скопскиот владика. Од сочуваните археолошки наоди се гледа дека Црквата во Самоиловата држава развила богат духовен живот, што се одразувало и во Скопската епархија. Меѓутоа, веќе во 1004 година Византија успеала да му го одземе на Самоила градот Скопје, со што и епархијата била ставена под јуриздикција на Цариградската патријаршија и истата не се наоѓа во бројот на епархиите што ѝ припаѓале на Охридската архипископија при пропаѓањето на Самоиловото царство во 1018 година.

            Сепак, уште со Првата повелба што императорот Василиј ИИ ја издал за Охридската архиепископија во 1019 г., Скопската епархија била ставена под јуриздикција на Охрид. Од списокот на местата со кои управувал скопскиот владика се гледа дека епархијата се простирала врз повеќе места на север – односно на Косово. Низ целиот XI и XII век Скопската епархија е под ингеренција на Охридската архиепископија, која е во рамките на Источното Римско Царство, односно Византија, која се простирала сè до Сава и Дунав. Таа се наоѓа и во трите нотиции на епархиите на Охридската архи­епископија од крајот на XI век, а исто така се сретнува во кореспонденцијата и актите на охридскиот архиепископ Теофилакт, од крајот на XI и почетокот на XII век. Тоа е можеби најсјајната епоха на Охридската архиепископија, кога истата претендирала да постане дури и црква од екуменски карактер. Тогаш и духовниот живот во Архиепископијата, па и во Скопската епархија, е со највисок подем. Тоа, веројатно, се должи и на многубројното монаштво кое во тој период бегало од Мала Азија и се доселувало на балканските простори. Од епохата за која станува збор останати ни се манастирските светилишта: Св. Прохор Пчински, Св. Гаврил Лесновски, Св. Јоаким Осоговски и др. Сепак, од тој период, најоригинална сочувана градба, која плени со своето архитектонско решение и со својот живопис, е манастирот Св. Пантејлемон во Горно Нерези, кој датира од 1164 година. Големи светилишта во тој период биле и манастирите: Св. Ѓорѓи на левиот брег на реката Серава, наспроти денешниот Бит Пазар, потоа црквата Св. Богородица Троерачица и Св. Архангел, кои не се сочувани.

            Од крајот на ЏИИ и почетокот на ЏИИИ век, на нашите простори започнуват големи воени судири и политички промени од кои била засегната и Скопската епархија. Така, со создавањето на Второто Бугарско царство во 1185/7 г. Скопската епархија била приклучена кон Трновската црква, што ќе потрае сè до 1207 г., кога севастократорот Стрез успеал да ја врати во составот на Охридската архиепископија. Во периодот 1207-1214 година, таа била под ингеренција на Охридската архиепископија, а во рамките на Стрезовото кнежество. Во понатамошниот тек на XII век, Скопската епархија останала под јурисдикција на Охридската архиепископија, иако политичките господари се менувале: Епирско деспотство, Бугарија, Византија и Србија... Впрочем, XIII век е меѓу најтешките периоди за македонскиот народ, а согласно со тоа и за Скопската епархија.

            Од 1261 година, - со почетокот на обновувањето на Византија, па сè до 80-тите години на тој век, Скопската епархија имала мирен, спокоен и плодотворен живот, кој потсетувал на ЏИ и ЏИИ век.

            Од 1281/82 г. започнале освојувачките походи на српската средовековна држава кон југ. Наскоро биле освоени градовите: Скопје, Куманово, Кратово, Полог и Дебар. Кралот Милутин, иако ги освоил териториите на Скопската, Дебарската и Брегалничката епархија, не ги приклучил кон Српската црква, туку му ги оставил на Охрид, сè до постигнувањето на мировниот договор со Византија, во 1299 година, кога цела Македонија ја добил како мираз со византиската принцеза Симонида. Така, откако Скопската епархија се нашла во рамките на српската држава, некаде по 1347 година, истата била подигната на повисок ранг, веднаш по Пеќ и Охрид.

По помирувањето меѓу Цариградската патријаршија и Пеќката архиепископија во 1375 година, Охридската архиепископија се обидела да ги поврати епархиите што $ припаѓале порано, пред сè Скопската и Горнополошката. Но, по сè изгледа, Скопската епархија останала во рамките на Пеќката архиепископија сè до паѓањето на Скопје под Отоманска власт во 1392 година.  

            Од ХИВ век зачувани се бројни црковни градби, како што се: манастирот „Св. вмч. Димитриј” - Марков манастир кај Сушица, „Св. Архангел Гаврил”, „Св. Богородица”, „Св. Никита”, „Св. Илија” – сите на планината Скопска Црна Гора, потоа, „Св. Богородица”, „Св. Андреј” и „Св. Никола” на реката Треска и др.

            Со паѓањето на Македонија под Отоманска власт, Скопската епархија дошла под ингеренција на Охридската архиепископија и таквата положба се задржала сè до 1557 година, - до обновувањето на Пеќката архиепископија, под чија јуриздикција, со мали исклучоци, останала сè до 1766 година. Од тој период датираат црквите „Св. Ѓорги” – Бањани, „Св. Спас” – с. Добри Дол, „Св. Никола” – с. Радишани, „Успение Богородично” – с. Дивље и др. 

            По укинувањето на Пеќката архиепископија во 1766 г., Скопската митрополија потпаднала под јуриздикција на Цариградската патријаршија.

            Со создавањето, пак, на Егзархијата во февруари 1870 г., по потпишаните истилијами, Скопската епархија влегла во рамките на споменатата црква. Градот Скопје бил изложен на црковно двовластие, но и на активностите на странските црковни и национални пропаганди. Сведоштво за тоа е што при крајот на XIX век српската пропаганда успеала да се избори за митрополитско место во Скопје. Така, Скопската епархија станала центар на борбите на македонската граѓанска класа за црковни и национални права, и за обнова на Охридската архиепископија. Пример за тоа се напорите на митрополитот Теодосиј Гологанов, во 90-тите години на XIX век, за обнова на Охридската архиепископија.

            Во духовниот, како и во економскиот и просветниот живот, XIX век битно се разликувал од претходните периоди. Откако со Ѓулханскиот хатишериф биле добиени дозволи за градба на цркви, за 30–тина години македонскиот народ го направил тоа што не го постигнал можеби ни за четири века пред тоа, кога се изградени соборните цркви скоро во сите македонски градови. Таквата активност се манифестира и во Скопската епархија.

            Неуспехот на Илинденското востание, како и балканските војни 1912/13 г. предизвикале големи промени во животот на македонскиот народ, како на национален, така и на духовен план. За време на Првата светска војна, од октомври 1915 г. па сè до свршетокот на истата на 11. 11. 1918 г., српското владеење било заменето со бугарско.

            Потоа, со создавањето на кралството СХС, Скопската епархија и останатите македонски епархии во Вардарскиот дел, како и Рашкопризренската и босанските епархии, од Цариградската патријаршија, откако биле платени еден и пол милион златници, добиле канонски отпуст за влегување во рамките на Обединетата СПЦ, во чии рамки останале сè до 06. 04. 1941 година.

            Во текот на Втората светска војна (1941/44 г.) Скопската епархија повторно се нашла во рамките на Егзархијата. По ослободувањето и создавањето на Југословенската федерација, односно од 1944 до 1958 година, во Македонија немало висок црковен клир, се разбира, како резултат на политиката на црквите кои владееле со македонските простори. Но, слободата на дел од македонската земја набрзо дало позитивни резултати и на духовен план.

            Во февруари 1945 година, во Скопје се одржал Првиот црковнонароден собор, при што претставници од домородното македонско свештенство и верници-делегати од македонскиот народ, донеле одлуки за формирање на Иницијативен одбор за организирање на МПЦ.

            Во декември 1946 година во Скопје, се одржала Свештеничка конференција која, немајќи друг избор, прифатила српскиот патријарх, покрај СПЦ, да ја претставува и МПЦ, како и тоа дека на чело на МПЦ да стои Архиепископ Охридски и Митрополит Македонски.

            Во 1958 година во Охрид, од 4 - 6 октомври, се одржал Втор црковнонароден собор, кога била донесена Одлука за обнова на Охридската архиепископија и создавање на МПЦ, кога бил избран и првиот Архиепископ, во лицето на блажено­упокоениот архиепископ Доситеј. На тој Собор бил донесен и Уставот на возобновената Охридска архиепископија како МПЦ, според кој градот Скопје станал седиште на МПЦ.

            Еве, токму по повод на тој историски Собор, одбележуваме 50 години, во чие прославување, со оваа прекрасна изложба, учествува и „Музејот на град Скопје”, за што од името на соборјаните од пред половина век и од име на оние кои, со Божја помош, биле градители на славата и чувари на достоинството на древната Охридска архиепископија, а во неа и на Скопската епархија, им благодарам на сите коишто дадоа придонес во подготовката и реализацијата на оваа содржајна изложба.

            На вас присутните, ви благодарам за вниманието и ве повикувам истата да ја разгледаме.   

 известува: проф. Ѓоко Ѓорѓевски

 Извор:МПЦ

Посети:{moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

21/07/2025 - понеделник

+Св. великомаченик Прокопиј; Св. Прокопиј Јуродив; Преп. Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2025

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2025

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 19 јули/8 јули  2025

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 19 јули/8 јули 2025

Сисое велики,избран да бидеш извор на благодат во пустината,Христос преку тебе утеха распространуваше,монаси мудро поучуваше,болни лекуваше, мртви воскреснуваше.О цветна градино...

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 18 јули/ 5 јули 2025

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 18 јули/ 5 јули 2025

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная