логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Голема вечерна и промоција на книгата – проповеди
„СЛОВА ЗА СЛОВОТО“ од Архиепископот Стефан


По повод чествувањето на празникот Собор на сите македонски светители, кој, инаку се секогаш се празнува во првата недела на октомври, Македонската православна црква го започна со низа свечености. Најпрво, во саботата на 5 октомври, во новоизградениот храм Раѓање на св. Јован Крстител во населбата Бутел, беше отслужена Голема вечерна на која, во присуство на Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот преспанско – пелагониски и Австралиско – новозеландски г. Петар во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и свештенослужители од Скопската епархија. Храмот, кој следниот ден беше осветен од архиереите на МПЦ, е изграден со донација на средства од господинот Мите Јованов и неговото семејство.
Потоа, по завршувањето на богослужбата, архиереите, свештениците и верниците се упатија во амфитеатарот на македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) каде беше промовирана книгата – проповеди Слова за Словото 1 и 2, од авторот, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефанм, а во издание на Книгоиздателството „Матица македонска“. Слова за Словото, всушност претставува еден собир на мисли и размисли, на расудувања и поуки, на факти и информации, на пофалби и критики. Но, најмногу од сѐ - на слова, на зборови за Словото, за Господ Исус Христос, второто лице од Света Троица. Слова за верата, за Црквата, за свештената и националната историја.... Овој труд е резултат на свештеното секојдневие на Неговото блаженство, дело на неговото архипастирско дело во изминатите 20 години како Поглавар на нашата света Македонска православна црква - Охридска Архиепископија и низ 33-те години како архиереј во епархиите во Македонија и дијаспората.
Промотори на изданието беа академик Витомир Митевски и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, Декан на Православниот богословски факултет.


Авторот, Архиепископот Стефан, кој во своето дело помести повеќе од 160 наслови на проповеди, интервјуа, поуки по разни поводи и на разни места, во своето обраќање меѓу другото рече:
Инаку, словата што следат во оваа книга, и во сите потоа, кои веројатно ќе бидат собрани во пет тома, од изборот и востоличувањето на 9 и 10 октомври 1999 година па наваму, сум ги држел по разни поводи и на разни места во епархиите на нашата Света Црква, и тоа: во Охрид и Скопје, во Штип и Битола, во Велес и Струмица, во Куманово и Тетово, и во многу други места низ Татковината, како и низ нашите црковни општини во Европа, Соединетите Американски Држави, Канада па сѐ до Австралија. Секако, се предвидува да биде опфатен и митрополитскиот период, па некои слова од тоа време ќе бидат поместени во петтата книга.
Верувам, милост Божја беше што дочекавме во овој период да се случат историски и важни настани: да се возобнови Светиклиментовиот манастир на Плаошник; да се преосветат Соборниот храм „Света Софија“ и „Свети Наум“ во Охрид; да заблескаат во ново руво и Бигорски и Света Пречиста, и Лесновскиот и Осоговскиот, како и манастирите во Нерези и Слепче, Марковиот и Полошкиот; да воскресне монаштвото и во Велјуса и во Водоча, и во Бигорски и во Лесновски, и во Матка и во Зрзе, и во Варош и во Љубанци, и во Рајчица  и во Марков, и во Журче и во Нерези и во други наши манастири. И навистина, Му благодарам на Бога што ни даде да доживееме и што живееме период со многу настани и случувања, време преполно со многу предизвици и искушенија. Се удостоивме, во наше време, да одбележиме две илјади години на христијанството, и дваесет столетија на христијанството во Македонија, илјада и седумстотини години од Миланскиот едикт, илјада години од основањето на Охридската Архиепископија, и педесет години од нејзиното возобновување како Македонска Православна Црква, како и други годишнини и јубилеи. Сите тие настани беа богоугоден и благословен повод да се говори, да се забележи и да остане како сведоштво дека било.
По милоста Божја ми се даде можност да го проповедам словото  и Му благодарам на Бога ако некого поучив, придобив и утврдив во верата. Секогаш и насекаде се трудев да бидам разбирлив во доближувањето на Бога и во објаснувањето на поводот и настанот, и тоа по примерот на светиот апостол Павле, не за да бидам убедлив со мудри зборови, туку во пројава на Духот и силата .

 

 



Извор: Скопска епархија

Александар Божиноски

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

13/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (на риба)

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная