zarko.jpg


 zarko1.jpg zarko3.jpg

Во храмот  на света Петка  во Скопје на 11. 07. 2008 година, кога Светата Црква го слави споменот на Пренос на моштите на светите маченици Кир и Јован и преподобен Сенуфиј Знаменосец, се отслужи Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

zarko2.jpg

Пренос на моштите на Светите маченици Кир и Јован     11/07/2008

Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх Св. Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм и владееше демонска сила. Тогаш на патријархот му се јави ангел Божји и му рече дека Манутин ќе биде очистен од нечестието ако тој ги пренесе таму моштите на Светите Кир и Јован. Патријархот веднаш го направи тоа: ги пренесе чесните мошти на мачениците во Манутин и изгради таму црква, којашто им ја посвети на Светите Кир и Јован. Од моштите на овие маченици се исцели од шкрофул Амониј, синот на александрискиот градоначалник Јулијан; некој Теодор од слепило; Исидор од Мајум се исцели од раскапување на црниот дроб; една жена Теодора од отруеност; некој Евгениј од водена болест. Сето тоа се случи во 412 година.

Преподобен Сенуфиј Знаменосец     11/07/2008

Голем испосник и чудотворец од Мисирската пустина. Современик на патријархот Теофил и царот Теодосиј Велики. Наречен Знаменосец бидејќи еднаш со молитва му помогна на царот Теодосиј да ја одржи победата над непријателската војска. Кога царот го повика да појде во Цариград, му одговори дека не може, но му испрати едно свое ветво расо и стап. Кога тргна да војува, царот го облече расото на Сенуфиј и го понесе неговиот стап. Од војната се врати како победник.

zarko4.jpg

zarko5.jpg

zarko6.jpg


zarko7.jpg

Посети:{moshits}