s.tresonce.jpg


Ќе те славам Тебе, Господи, со сето срце свое и ќе Ти пеам пред ангелите Твои, затоа што ги услуша сите зборови на устата моја (Псалм 137,1).

s.tresonce1.jpg

 Неговата слава е како килим послана по целата земја: по градовите, полињата, селата, планините... И во едно село, близу Дебар, во големите планини, се наоѓа црква посветена на светите апостоли Петар и Павле, денес кога го празнуваме нивниот спомен и во нивна чест постевме и денес се причестивме.

Црквата е стара 150 години, чиј што јубилеј се одбележа во 1995 год. Стара црква, полна со историски и духовни бележја. Од ова селo Тресонче потекнува познатиот Дичо Зограф, познат иконописец, кој што го изрaбoтил познатиот иконостас во Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител и многу други иконостаси. Во ова  мало село има повеќе цркви: Црква посветена на светите Петар и Павле, свети Никола и др.

Од сите тие цркви може да се каже дека за толку мало село, а многу цркви народот навистина верувал и ја негувал православната вера.
 Верата православна не згаснува. Таа е жива и ќе постои додека постои светот бидејќи глава на црквата е Христос, кому Му припаѓа слава, чест и поклонување во сите векови. Амин!

s.tresonce4.jpg


s.tresonce2.jpg

s.tresonce3.jpg

 s.tresonce5.jpg 

 ИЗВЕСТУВА:
 Ст
ојанче Андов

Посети:{moshits}