sv.petka.veronika3.jpg sv.petka.veronika4.jpg

Храм на св. Петка- н. Црниче, Скопје


На 25. 07. 2008 година на денот на  светите маченици Прокл и Илариј, преподобен Михаил Малеин и света Вероника , во храмот посветен на св. Петка во Скопје, се  отслужи Света  Литургија. Во пригодното слово, отец Томе посочи дека денес славиме повеќе светители, но  на верниците посебно   им го објасни и животот и делото на света Вероника:

Тоа е крвоточивата жена којашто во она време Христос ја исцели (Матеј 9, 20). Од благодарност кон својот исцелител Господ, Вероника порача и ѝ направија статуа на Исус Христос и пред неа таа Му се молеше на Бога. Според Преданието оваа статуа била сочувана до времето на царот Јулијан Отстапник, којшто ја претворил во статуа на идолот Ѕевс. Ова е еден од вонредно ретките случаи во Црквата на Исток да бидат употребувани статуи со свети ликови. Како што е познато, подоцна тоа стана обичај во западните цркви. Света Вероника ѝ остана предадена на Христовата вера до својата смрт и мирно почина.

sv.petka.veronika.jpg

sv.petka.veronika2.jpg

sv.petka.veronika1.jpg

sv.petka.veronika5.jpg

Наведната глава сабја не ја коси“- но исто така ни сонце нема да види-

 Во продолжение на својата беседа, Отец Томе на верниците им обрна внимание  на воведување на предметот  веронауката  во образовниот систем, и дека  сме   сведоци  на отпорот кој се прави поради тоа. Деновиве,  исто така, се организираат  разни трибини и се со цел да се спречи  изградбата  на црква во центарот на Скопје.

Понатаму, тој укажа, дека сепак најголемото  богатство  е човекот, и во овој земен живот да изнајдеме сили и љубов, и да си простуваме еден на друг, зашто се можеме да вратиме, и здравјето можеме да го вратиме, но човекот ако го изгубиме,  ништо повеќе не можеме да сториме. На крајот од беседат  на верниците им  посака телесно здравје и духовно спасение.

sv.petka.veronika6.jpg

sv.petka.veronika7.jpg

sv.petka.veronika8.jpg


sv.petka.veronika9.jpg

sv.petka.veronika10.jpg

Посети:{moshits}