Скопје, 06.06.2020 г.- храм на св.Петка , н.Црниче (во саботата на каратинот поради вирусот Ковид19)
На 6 јуни, 2020 година, во Саботата на седмата недела по Велигден (Духовденска задушница), кога се празнува споменот на Преп. Симеон Столпник; преп. Никита Столпник,во храмот на св.Петка, во скопската населба Црниче,презвитер Гаврил Најдовски отслужи Заупокоена Литургија за покој на починатите. православни христијани. Во беседа отецот се помоли Бог да спомне за сите знајни и незнајни чеда на Светата Православна Црква, кои имаат потреба од нашите молитви.
Поука на денот: Свети Максим Исповедник
Како што телото, умирајќи се одделува од сe што е живо така и умот, умирајќи во дејствието на совршената молитва, се отсекува од сите светски мисли. Зашто ако не умре со таква смрт, тој не може да биде со Бога и да живее со Него.
„Наоѓајќи се на ден пред големиот празник Педесетница, правиме спомен на починатите во верата отци наши, браќа и сестри. Светата православна Црква, движена од љубовта Христовата, постојано нѐ поттикнува да се молиме на Господа за душите на покојниците, знаејќи дека смртта е само една врата, преку која човечката душа преминува од животот овде на земјата, во животот на идниот век. “