lit.svmarina3.jpg

Храм на св. Петка- н. Црниче, Скопје
lit.svmarina.jpg

lit.svmarina1.jpg lit.svmarina2.jpg

 lit.svmarina4.jpg

Во шестата недела по Педесетница, кога Светата Црква го слави споменот на светата маченичка Марина (Огнена Марија) и  преподобен Леонид Устнедумски, во храмот  на св. Петка   во населбата Црниче во Скопје, се   отслужи  Божествена Литургија .

 Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

lit.svmarina5.jpg

 Заради тоа, јас имам намера да продолжам да ве потсетувам за овие работи, иако вие веќе ги знаете и се утврдени во вистината која ви е откриена.(II Пет.1. 12)

„Орачот оре во нива. Не ја повторува ли орачот секоја секунда истата работа постојано? Како инаку нивата би  ја изорал, доколку од утро до темница не би длабел бразда по  бразда?
Патникот чекори по патот. Не ја повторува ли патникот секоја секунда истата работа, истиот труд? Како инаку би го преминал патот, и на  својата цел пристигнал?
Дрводелецот делка даски во работилница. Не ја повторува ли дрводелецот со секоја секунда истата работа, истиот напор? Како инаку би го  спремил порачаниот број на изделкани даски?
Нели се, браќа наши, сите полезни работи, составени од низа и низа повторувања?
Значи, нека не го фаќа мрза проповедникот на вистината, и не рече: им кажав и нема да повторувам! Нека, не се погордее слушателот на вистината, и не рече: го слушнав тоа еднаш и не треба повеќе да го слушам! “(Од Житиа на светиите- Беседа за потребите на поврторувањето и повторувањетоа )

Посети:{moshits}