Скопје, 11ти октомври 2020 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј. Криви Дол
Свети Григориј Палама
Кога секоја во душата вселена страст ќе се отстрани од неа, а умот ќе се врати самиот на себеси, собирајќи ги целосно и сите други душевни сили, тогаш тој исполнувајќи ги добродетелите ја одобродетелува и душата, напредувајќи кон сѐ поголемо совршенство, склон кон натамошно искачување (сп. Пс. 84, 5). Уште повеќе, очистувајќи се и миејќи се со Божја помош, умот не само што се чисти од демонските наноси туку отстранува од себе и сѐ друго, дури и она што се чини вредносно и разумно. А штом ќе се издигне над сѐ духовно (интелегибилно) и над поимите на фантазијата за него, и богољубиво и побожно ќе се одрече од сѐ, тогаш, според кажаното, застанува „глув и безгласен“ пред Бога. Во таков миг го совладува законот на материјата и непречено се обликува во својот највозвишен облик, слободен од сѐ надворешно. Ова му го овозможува однатре благодатта, која преобразува на подобро, и што е уште почудесно, со неискажлива светлина ја просветлува внатрешноста на душата и го восовршува внатрешниот човек.
На 11ти октомври 2020 година, кога МПЦ-ОА молитвено го празнува споменот на Преподобен Харитон Исповедник , отец Михаил Трајковски во сослужение на ѓаконот Драган Иванов отслужи Божествена Литургија во манастирот на св.вмч.Георгиј во месноста Криви Дол, во Скопје. На Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- Недела сиропусна (Прочка) – Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч.Георгиј,н.Криви Дол,Скопје (01.03.2020) ...
- Божествена Литургија во манастирска црква на св.вмч. Георгиј, Криви Дол, Скопје (23.08.2020)
- Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч.Георгиј,н.Криви Дол, Скопје (24.02.2020) ...
- Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч.Георгиј,н.Криви Дол,Скопје (09.12.2019) ...