Глас први:
Богородице, и по раѓањето си го сочувала девството, а по своето успение не си го оставила светот, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со твоите молитви ги избавуваш од смртта нашите души.
На празникот Успение на Пресвета Богородица, во обновената катедрална црква посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица во Скопје, Митрополит г. Горазд во сослужение на свештеници од Скопската епархија, отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата
Река од народ се слеваше во обновената катедрална црква посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица,( ова е трета црква во Скопје посветена на Пресвета Богородица, позната како заштитничка на градот)
Црквата, што се градеше четири години, лоцирана е на просторот на истоимениот храм осветен во 1835 година, кој во Втората светска војна во 1944 година беше опожарен и уништен. Храмот е со катедрални димензии. Останува да се доврши мермерниот иконостас и да се фрескописаат ѕидовите на храмот.
Друго:
Посети: {moshits}