dracevo.sv.jovan2.jpg dracevo.sv.jovan3.jpg


 dracevo.sv.jovan1.jpg

dracevo.sv.jovan4.jpg

dracevo.sv.jovan.jpg

Денес,  кога Светата Црква го празнува споменот на отсекувањето на главата на свети Јован Крстител,  во храмот  Свети Спас се отслужи Света Литургија .

dracevo.sv.jovan5.jpg

dracevo.sv.jovan7.jpg

dracevo.sv.jovan6.jpg


dracevo.sv.jovan8.jpg

Од Православен календар - Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител

Преподобна Теодора Солунска

Како жена на имотен и благочестив човек живееше на островот Егина. Но кога Арапите ја загрозија Егина, тие се преселија во Солун. Овде својата единица ќерка ја дадоа во манастир. Во монаштво го доби името Теописта. Наскоро мажот на Теодора се упокои, та и Теодора се замонаши. Беше голема подвижничка. Често слушала ангелско пеење и им говорела на сестрите: „Не слушате ли колку прекрасно пеат ангелите во небесното светилиште?“ Се упокои во седумдесет и петтата година од животот, во 879 година. Од нејзиното тело потече целебно миро, од коешто многумина се исцелија.

 

Светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки

Момче од Радовиш, од Струмичката епархија во Македонија. Учеше занает во Солун. Турците го присилуваа да се потурчи, а тој одлучно ги одби. За ова беше мачен и најпосле го обесија на 29 август, 1794 година.

{moshits}

 


{flv}Bog03{/flv}