логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Daniel.sv.Stefan1

 

 

 

 

 

 

Во Неделата на Рождеството на Господ Исус Христос- Божик, кога МПЦ-ОА, молитвено го прослави споменот на првомаченик и архиѓакон Стефан, во манастирката црква на св.вмч Геогиј,во месноста  Криви Дол, презвитер Даниел Јовановски  отслужи Божествена Литургија. Во текот на Литургијата, по читањето на Евангелието на денот, отецот   го протолкува значењето на денешниот пазник, па преку житието на светителот, посочувајќи ни го патот на спасителната  вера во Христос.Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни.По Литургијата се осветиа именденските колачи и се продолжи со пријатно дружење на верниците во овој прекрасен  јануарски ден.

 Daniel.sv.Stefan

 

 

 

 Друго:

9ти Јануари (Tрет ден Божик)

Роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон.
       Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш посрамени Евреите, свикнати на измами и клевети, го побунија народот и народните старешини против невиниот.
           Клеветата против Стефан велеше дека хулел на Бога и на Светиот пророк Мојсеј. Брзо најдоа лажни сведоци коишто тоа и го потврдија. Тогаш Стефан застана пред народот и сите видоа дека лицето негово е како лице на ангел, т.е. озарено од благодатна светлина како што некогаш беше Мојсеј кога говореше со Бога. Стефан ги отвори своите усни и ги пореди многубројните доброчинства и чуда Божји извршени од Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните злосторства и противења кон Бога од страна на тој народ. Особено ги изобличи за убиството на Господ Христос, нарекувајќи ги предавници и крвници. И додека тие чкртаа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и славата Божја.
           Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“ (Дела 7). Тогаш пакосниците го изведоа надвор од градот и го убија со камења. Меѓу неговите мачители беше и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле. Во тоа време на некој камен во далечината стоеше Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов и го гледаа мачеништвото на првиот маченик за вистината на нејзиниот Син и Бог, молејќи Го Бога за Стефана. Ова се случи една година по слегувањето на Светиот Дух на апостолите.
Телото на Св. Стефан тајно го зеде и го погреба на својот имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин. Така заврши во слава првенецот меѓу христијанските маченици и се пресели во Царството на Господ Исус Христос

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно...

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

« »

Православен календар

 

04/01/2026 -недела

Божикен пост; (на масло)

Св. мч-чка Анастасија идр.

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на свети Наум  Охридски чудотворец 5 јануари/23 декември  2026

Тропар на свети Наум Охридски чудотворец 5 јануари/23 декември 2026

Прилепувајќи се кон Христа, си го оставил светот;плотта распнувајќи ја живееше по Духот, преблажен Науме.              Трудејќи се да се подвизуваш...

Тропар на светата Христова великомаченичка Анастасија Римјанка 4 јануари/22 декември   2026

Тропар на светата Христова великомаченичка Анастасија Римјанка 4 јануари/22 декември 2026

Господ Твојот Бог, о света Анастасио,тебе те пронајде како чист сад,преку кого ќе се разрешуваат луѓето од тегобите на гревот,раните...

Тропар на Христова маченичка Јулијана и 630 маченици со неа 3 јануари/21 декември   2026

Тропар на Христова маченичка Јулијана и 630 маченици со неа 3 јануари/21 декември 2026

Умот подигнат кон Небесата,со срце преполно Светлина,пред смртта телесна, веќе за земното спокојна, Јулијано света девственичкепосведочи дека непријателот до чистата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная