mihail.nova1.jpg


 mihail.nova6.jpg

Денес, кога Светата Црква го празнува споменот на  преподобен Симеон Столпник,  и почеток на црковната година,  во  храмот  посветен на свети Јован  Крстител  во Скопје, отец Михаил во сослужение на ѓаконот Слободан,  отслужи Света Литургија . Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

mihail.nova3.jpg

mihail.nova4.jpg

mihail.nova.jpg

mihail.nova10.jpg

mihail.nova11.jpg

 


Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 87)

Рече Господ во приказна: „Еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако го предаде на лозарите, си отиде. И кога наближи времето за брање, тој ги испрати при лозарите своите слуги, за да му ги приберат плодовите. Но, лозарите, кога ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа. Тој испрати сега други слуги, повеќе од првите; но и со нив направија исто. Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: ,Ќе се засрамат од сина ми.’ Но, лозарите, штом го видоа сина му, си рекоа помеѓу себе: ,Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме наследството негово.’ Па, како го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија. А кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“ Му одговорија: „3лочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите навреме.“ А Исус им рече: „3ар не сте читале во Книгите: ,Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот: Тоа е од Господа и чудесно е во очите наши.’


mihail.nova5.jpg

mihail.nova2.jpg

mihail.nova7.jpg

mihail.nova9.jpg

mihail.nova8.jpg

Посети:{moshits}