... Натчовечкото трпение, при губавата болест на телото, жената Негова поучна од сатаната, сакајќи да го расколеба, му дава совет на Јов:
"Кажи збор против Бога и умрѝ. "
Тој пак погледнувајќи ја, ѝ рече :
"Говориш како безумна. Зар доброто да го примаме од рацете на Господа, а злото да нѐ го поднесуваме?"...
Радувај се,
Многу Страдален Јове , прекрасен учителе на сиот свет!
Светиот праведен и многустрадален Јов
Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во Арабија околу 2000 години пред Христа. Татко му е Зарет, а мајка Восора, а неговото цело име беше Јовав. Беше човек чесен, богобојазлив и многу богат. Но во седумдесет и деветтата година од неговиот живот Бог допушти тешки искушенија врз него преку сатаната, како што сѐ е потенко опишано во Книгата Јов. И во еден ден Јов го изгуби сиот свој имот, сите синови и ќерки свои.
Потоа врз него падна тешка болест од којашто целото тело му се покри со рани од темето до табаните и лежеше Јов на ѓубриштето надвор од градот и со парче керамида си го вадеше гнојот од раните. Но не заропта на Господа, а стрпливо докрај ги поднесе сите оние маки. Затоа Бог му го врати здравјето и му даде многу поголемо богатство од претходното и пак му се родија седум синови и три ќерки, колку што ги имаше порано. Поживеа уште сто и четириесет години, постојано славејќи и фалејќи Го Бога. Јов се смета за пример на трпеливо поднесување на секое страдање коешто Бог ни го испраќа и за предобраз на страдалниот Господ Исус.