Христово Воскресение 2 ден Дортмунд
На вториот ден Велигден, Mакедонската црковна општина “св.Кирил и Методиј“ од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство митрополитот Европски г. Пимен.
Се отслужи света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г. Пимен и парохискиот свештеник и архиерејски намесник отец Душко Пецов.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На оваа света богослужба беше обнародена одлуката на Светиот архиерејски синод на,МПЦ-ОА ,со која го ОДЛИКУВА протојерејот ДУШКО ПЕЦОВ со право на носење на ГРАДЕН КРСТ.
После светата богослужба, о.Пимен во разговор со претседателот на Црковната општина г. Зоран Ташов даде упатства за престојниот фрескопис и внатрешното уредување на храмот.
Христос Воскресна!
За Преминпортл: отец Душко Пецов