На 8.6.2025 година, на празникот Слегување на Светиот Дух – Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше и проповедаше на Светата Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Пред Литургијата во чин чтец беше ракопроизведен богословот Христијан Маркоски, а на Литургијата во игуменски чин – јеромонахот Георгиј (Ѓорѓевски).
По Литургијата, беше отслужена Вечерна богослужба со читање на коленоприклоните молитви.
https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/pedesetnica-2025/