o.Trajce.sluzba12.jpg

14. 11. 2008 г.- Скопје, храм Рождество на Пресвета Богородица

o.Trajce.sluzba12.jpg

o.Trajce.sluzba12.jpg

o.Trajce.sluzba12.jpg

На .14. 11. 2008, на  празникот посветен на  светите Козма и Дамјан, преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј,  во храмот на Пресвета Богородица, посветен на Нејзиното тождество,  во Скопје,  старешината на храмот отец Трајче , отслужи  Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Тајни Христови. 

o.Trajce.sluzba2.jpg o.Trajce.sluzba3.jpg

o.Trajce.sluzba2.jpg o.Trajce.sluzba3.jpg

o.Trajce.sluzba12.jpg

o.Trajce.sluzba12.jpg

 o.Trajce.sluzba4.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 57)

Еднаш истера Он еден бес, кој беше нем, и кога нечистиот дух излезе, немиот проговори; и народот се чудеше. А некои од нив рекоа: „Он ги изгонува бесовите преку Велзевула, кнезот на бесовите.“ А други, искушувајќи Го, Му бараа знак од небото. Но Он, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом - на групи, една против друга, пропаѓа; и, ако и сатаната се разделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Оти велите дека Јас преку Велзевула ги истерувам бесовите. И, ако Јас, пак, преку Велзевула ги истерувам бесовите, тогаш синовите ваши преку кого ги истеруваат? Затоа, тие ќе ви бидат судии. Ако Јас, пак, со прст Божји ги изгонувам бесовите, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо. Кога силен човек се вооружи и го припази домот свој, тогаш имотот негов е во безопасност. Но, ако некој посилен од него го нападне и победи, тој ќе му го земе сето оружје, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде.

Свети Јован Лествичник

Во длабочината на плачот се наоѓа утеха, и чистото срце прима просветлување. А просветлувањето е неискажливо дејство Божјо, што се сознава несознајно и се гледа невидливо. Утехата е освежување на болната душа, која како малечко дете во исто време плаче и почнува ведро да се насмевнува. Таа е поддршка и обновување на душата што потонала во тага и на чудесен начин солзите на болката ги претвара во солзи на радост.

 o.Trajce.sluzba12.jpg

Посети: {moshits}