По повод 50 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква и по повод 40 години од возобновувањето на нејзината автокефалност, на 25 ноември 2008 година, после Божествената Литургија во црквата на свети Григориј Палама во Струмица, заради особен придонес и залагање во севкупниот напредок и афирмација на Македонската Православна Црква, Митрополитот Струмички г. Наум ги одликува со столна медалја на Струмичката православна епархија од редот на Светиот Македонски Крст:

1. Министерот за култура г-ѓа Елизабета Канческа Милевска;

2. Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите г. Георги Старделов;

3. проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
4. д-р Димитар Хаџи Мишев;

5. г. Живко Мукаетов;
6. г. Кочо Моцан;
7. г. Стерули Бураку;
8. г. Антони Пешев;
9. г. Глигор Чабулев;
10. г-ѓа Олгица Илоска и
11. Епископот на Арџеш и Мусчел г. Калиник од Романската Православна Црква.


На Божествената Литургија пееше ставропигијалниот хор „Јоан Хармосин“.

 

 

Извор: МПЦ

 

 

Посети:{moshits}