Во денот кога Света Црква го слави почетокот на црковната година  и споменот на преподобен Симеон Столпник, во Соборниот храм Св. Климент Охридски се отслужи Божествена Литургија. 

molitva.novagodina3.jpg


molitva.novagodina4.jpg

 По Литургијата свештеникот ја прочита молитвата за благослов во Новата Година.

МОЛИТВА за Нова Година:


         molitva.novagodina.jpg Владико, Господи Боже наш, Творецу и Ѕидателу на секоја видлива и невидлива твар, Ти Кој го создаде времето и летата, благослови ја во овој ден започнатата Нова Година, која ние ја сметаме од Твоето воплотување за наше спасение. Благослови во мир и во љубов со нашите ближни да ја минеме оваа година и уште многу по неа. Запази ја и укрепи ја Светата Православна Црква, која самиот Ти во Ерусалим ја основа  и со спасителната жртва на телото и крвта Твоја  ја освети. Нашата татковина, возвиси ја, сочувај ја и прослави ја. Долгоденствие, здравје и изобилие на земните плодови и воздух благопријатен дај ми мене, - грешниот слуга Твој, на моите блиски, на моите роднини и на сите благоверни Христијани. Биди ни вистински Пастир, Наставник и Покровител, и на патот на спасението утврди не; та чекорејќи по него, по долг и благочестив живот во овој свет, да задобиеме дел од Твоето Небесно Царство, и да се удостоиме со вечното блаженство со светиите Твои. Амин!

molitva.novagodina6.jpg 

Почеток на црковната година
(начало на индиктот)     14/09/2007

Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање и на слепите прогледување; да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог“ (Исаија 1 - 2). Уште овој месец септември е значаен во историјата на христијанството по тоа што во него царот Константин Велики ја однесе победата над Максенциј, непријателот на Христовата вера, а на таа слобода ѝ уследи слободата на христијанската вероисповед во целото римско царство. Долго време во христијанскиот свет и граѓанската година беше сметана од 1 септември; на 1 јануари се премести најпрво во Западна Европа, а потоа во Русија, во времето на Петар Велики.

molitva.novagodina5.jpg