17.12.2008 -Електро-факултетот во Скопје.
На 17. 12. 2008 година, на презентацијата на Електро-факултетот во Скопје, македонските научници, академик Томе Бошевски и професор Аристотел Тентов го соопштија нивниот научен труд, во кој со помош на математички методи, докажуваат дека каменот од Розета е споменик на древниот Македонски писмен јазик. Уште пред десет години тие почнале да го проучуваат мистериозното писмо на каменот, пронајден во Египет, пред 2200 години.
Средниот текст на каменот од Розета е напишан на јазикот и писмото на древните Македонци.
„Она што беше наша основна претпоставка, дека средниот текст е напишан и на писмото и на јазикот на древните Македонци, со комплетирањето на комплетниот текст веќе добиваме значаен доказ дека сме на прав пат, а јазикот е некој пра јазик, којшто ние со некој мал напор можеме и ден денес да го подразбереме“, изјави академик Томе Бошевски.
проф. Аристотел Тентов: „Азбуката ја дефиниравме, и она што не изненадува и не воодушевува е дека азбуката во потполност се погоди со гласовите на Македонскиот јазик. И сега во јавноста за прв пат ќе излезе кириличното пишување на средниот текст на каменот од Розета, и со тоа покажавме дека е текст на античките Македонци“.
Во првата фаза од истражувањето Бошевски и Тентов го идентификувале писмото составено од 13 асиметрични знаци, а потоа и азбуката. На презентацијата, тие најавија објавување на кириличен препис на средниот текст на каменот на Розета.
Друго:
Посети: {moshits}