Денес, 21. декември 2008 година, кога Светата Црква го слави споменот на светите апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар, и Преподобен Патапиј, во храмот посветен на Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, отец Јован Таковски во сослужение на старешината на храмот, отец Трајче, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 71)
Во она време, поучуваше Исус во една од синагогите. И ете, дојде една жена која беше опседната од дух на немоќта осумнаесет години; таа беше згрбавена и никако не можеше да се исправи; штом ја виде Исус, ја повика и и рече: „Жено, се ослободуваш од болеста своја.“ И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога. А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден!“ Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден?“ И кога го зборуваше ова, сите што беа против Него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него.
Посети:{moshits}