vecerna8.jpg

vecerna2.jpg

vecerna2.jpg

Исполнувајќи го манастирскиот типик, според кој неколку пати на ден се богослужи, а во меѓувреме монасите го извршуваат своето послушание во молитва, во манастиската Црква “Св.Никола“ во селото Љубанци во саботата вечер, спроти празникот на светите маченички Софија, Вера, Љубов и Надеж се отслужи вечерна богослужба. На богослужбата се читаа вечерни молитви, молитви  упатени до светителите на денот, како и Исусова молитва со која е проткаен целиот монашки живот, секоја работа што ја вршат, секое ракоделие со кое се занимаваат, секое зрно од бројаниците кои ги прават со огромна љубов и трпение.


 Голем благослов од Бога е  да се помине макар само еден ден во овој прекрасен манастир каде Господ штедро ја излеал Својата благодат и ги обдарил со особена љубов овие живи сведоци на нашата вера. Тука престанува и исчезнува секаков сомнеж кој ова време се обидува да ни го наметне, тука човек живо го чувствува присуството на Св. Никола Чудотворец, како и на Самиот Бог Кој насекаде Е и се исполнува.

“Господи Исусе Христе Сине Божји, смилувај се на мене грешниот“

vecerna.jpg

vecerna7.jpg

vecerna5.jpg

vecerna6.jpg

vecerna9.jpg

 

М.З./ Преминпортал

Посети: {moshits}