Скопје, 05. 02. 2009 г.

Vecerna.Ksenija.jpg

Vecerna.Ksenija.jpg

Vecerna.Ksenija.jpg

„ Благодатта се умножи, верата закрепна, сите со разум Божји се исполнија, и со спасение се збогативме, заради апостолите и учителите.“

 Vecerna.Ksenija.jpg

Vecerna.Ksenija.jpg

Денес, во манастирот Успение на Пресвета Богородица, во Матка, во чест и слава на преподобна Ксенија, светиот маченик Вавила и   преподобен Македониј се отслужи вечерна служба.

 Vecerna.Ksenija.jpg Vecerna.Ksenija6.jpg

Vecerna.Ksenija.jpg

Vecerna.Ksenija.jpg

 

Преподобна Ксенија     06/02/2009

Родена е во Рим како единица ќерка на прочуен сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители и за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во христовподобувањето. Иако беше жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето. Често стоеше на молитва по цела ноќ. Беше облечена посиромашно од сите сестри, а врз лебот што го јадеше често истураше пепел од кадилницата. Во мигот на смртта (+ 455 г.) над манастирот се појави прекрасен знак: венец од ѕвезди со крст во средината, поблескав од сонце. Од нејзините мошти мнозина болни добија исцеление. Нејзините робинки го следеа примерот на својата игуманија и кога умреа беа погребани, според нивната желба, крај нозете на блажената Ксенија.

Светиот маченик Вавила     06/02/2009

Свештеник во Сицилија. Пострада за Христа со двајца свои ученици во 3 век.

Преподобен Македониј     06/02/2009

Сириски пустиник. Дури на старост се хранеше со печен леб, а пред тоа јадеше само јачменови зрна наквасени во вода. Се упокои во 418 година.

Посети: {moshits}