Vindzor.jubilej.jpg

     Во Месопусната неделата, на 22 фебруари 2009 година, на денот кога го празнуваме светиот маченик Никифор, во Македонската Црковна Општина Свети Никола во Виндзор, Канада Прото-ставрофор д-р Александар Мустеников отслужи Божествена литургија. По богослужбата, членовите на оваа заедница го одржаа своето јубилејно 40 годишно собрание, Всушност со овој собир членството го  започна одбележување  на два важни јубилеја – 40 години од формирањето на МЦО “Свети Никола” и 30 години од градењето на сегашната црква. На ова собрание се заокружија и потенцираа успесите што ги постигнува оваа установа на верски, општествен, кутурен и финансиски  план, под  водство на претседател Менде Талески  и Црковна Управа.
     Председателот ги информира членовите дека во измината година покрај нормалниот литургиски живот се организирани уште 100 настани од разни области. Притоа тој потенцира дека се работело разумно и рентабилно и дека со пожртвувана доброволна работа и лични донации во реновирањето на овој центар се заштедени повеќе од 200 илјади долари, а долговите према банките се сведени на минимум.
     Присутните членови едногласно им доверија поверениие на Председателоот и досегашната Управа која со мали измени и дополнувања, да останат усте еден мандат и  во наредните две години да  продолжат успешно да работат.
 

 Vindzor.jubilej1.jpg
 Vindzor.jubilej2.jpg
 Vindzor.jubilej3.jpg

 

Информира Г. Стефанов

 

{moshits}