Синаксар
Стихови:
Светот горчливо нека заплаче со родоначаниците:
Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна.
Во овој ден правиме спомен на паѓањето на првососдадениот Адам од рајската храна, што божествените отци наши го определија пред почетокот на светата Четриесетница, за да покажат со тоа колку на човековата природа и е потребен постот како средство за лекување, а и колку е гнасно лакомството и непослушноста. Со примерот на Адам светите отци сакаат и нам да ни покажатколку се кобни последиците од невоздржаноста и непослушноста. Адам јадејќи од забранетиот плод, мислеше дека ќе стане бог. Но, не само што не стана тоа, туку и смртта си ја навлече, а и пропаст на целиот род. И токму поради јадењето на првиот Адам, Господ постеше четриесет дена и беше послушен, и токму поради тоа и сегашниот пост е предложен од светите апостоли, запазувајќи го она што Адам не го запази, преку постот повторно да ја стекнеме нераспадливоста што тој ја загуби. (повеќе)
Извор: ПОСЕН ТРИОД
Евангелие сподер Матеј
„Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни
и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен;
ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец
нема да ви ги прости вашите.
Кога постите не бидете, не бидете жалосни како лицемерите;
зашто тие си ги прават лицата мрачни,
за да се покажат пред луѓето дека постат.
Вистина ви велам дека тие ја добиле веќе својата награда.
А ти кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицетето свое.
па да покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот
Отец. Кој е во тајност; и твојот
Отец, кој гледа тајно, че те награди јавно. (Матеј 6, 14-18).
Друго: Недела на проштевањето ( 01. 03. 2009 )