Во очи на празникот посветен на Св. апостол Онисим, преподобен Пафнутиј и Ефросина, во Пуста Река, Крушевско , беше отслужена Вечерна Богослужба. Верниот народ за прв пат можеше да слушне на свој разбирлив јазик за големината на Постот и неговата спасителна моќ пеејќи му покајни песни од Посниот Триод.

A.B.jpg A.B.jpg

на стиховни стихири, глас 2


Да се очистиме, браќа, од секаква скверна на телото и духот; светилките на душите наши да ги запалиме со љубов кон бедните, не јадејќи се еден со друг со клевети, оти дојде времето кога Младоженецот ќе дојде и ќе даде секому според неговите дела. Да влеземе со Христа со мудрите девојки, викајќи како разбојникот: Сети се на нас, Господи, кога ќе дојдеш во Царството Твое.

Известува: Александар Божиновски

Посети: {moshits}