Procka.Sobor.jpg

Со воздржување да побрзаме сите телото да го смириме, минувајќи го божественото поприште на светиот пост, и со молитви и солзи Господа, нашиот Спасител, да Го побараме, викајќи: Згрешивме, спаси не, како некогаш Ниневјаните, Христе Цару, и заедничари на Царството небесно, Милосрден, направи не.
Паѓам во очајание, кога мислам на делата мои, Господи, достојни за секакви маки, зашто, ете, откако ги презрев чесните Твои заповеди, Спасителу, животот мој блудно го потрошив. Затоа се молам, откако со водата на покајанието ќе ме очистиш, со пост и молитви како единствен милостив проевети ме, Преблаг Добротвору на сите, и не гнаси се од мене. (ПОСЕН ТРИОД : НЕДЕЛА ОД СИРНА СЕДМИЦА -ВЕЧЕРНА)


 Procka.Sobor.jpg

 Procka.Sobor.jpg

Procka.Sobor.jpg

  Procka.Sobor.jpg

Procka.Sobor.jpg

Procka.Sobor.jpg

 Во Соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје,  денес, на празникот Прочка,  беше отслужена Вечерна богослужба на која присуствуваше  Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан  заедно со свештенството на Скопската епархија. Од Поглаварот на МПЦ побара прошка  свештениците и верниот народ, a верниците  меѓу себе си побараа прошка еден од друг.

Procka.Sobor.jpg

  Procka.Sobor.jpg

Procka.Sobor.jpg

Procka.Sobor.jpg

Procka.Sobor.jpg

Посети: {moshits}