На 26 март 2009 година, во салата „Архиепископ Доситеј" на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски"- Скопје, се одржа јавна трибина на тема: „За стресот“, (од теолошка гледна точка и толкување, и од психијатриски аспект).. Предавачи беа : проф. д-р Методи Чепреганов, проф. д-р Илија Џонов, и проф. д-р Стефан Санџаковски. Координатор на трибината, деканот проф. д-р Ацо Гиревски, ја отвори тибината и им се обрати на присутните со радосната вест, дека Богословскиот факултет, од денес е членка на Скопскиот Универзтетет „Свети Кирил и Методиј“.
Обраќање на деканот проф. д-р Ацо Гиревски (координатор на трибината):
„Почитувани слушатели и учесници на денешнава Јавна Трибина.
Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, зачести со предавања од отворен тип (преку јавна трибина) на разни теми со професори гости и професори од овој Факултет.
Последната таква јавна трибина беше пред неполни три месеци на тема „Македонскиот јазик во современиот превод на Библијата“. Трудовите и дискусијата од трибината потоа се објавија во книга.
Денес Ве поканивме на Јавна трибина на тема за стресот, а предавачи се нашите еминентни и стручни научни дејци: проф. д-р Методи Чепреганов, проф. д-р Илија Џонов и проф. д-р Стефан Санџаковски.
Почитувани, пред да му дадам збор на проф. д-р Чепреганов, сакам да Ве известам за една радосна вест.
Православниот богословски факултет, како највисока научна установа на Македонската православна црква, познато Ви дека работи од 1977 година. Досега прославуваше неколку јубилеи: пет години, па петнаесет години, дваесет и, пред неполни две години и триесет.
На сите досегашни прослави се истакнуваа убавите и позитивни работи за развојот на Факултетот во континуитет, меѓутоа се провлекуваше и едно срамежливо жалење што Факултетот не беше во склопот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и покрај нашите цврсти заложби од самиот почеток на основањето на Богословскиот факултет.
Тоа беа други времиња.
- Денес го имаме РЕШЕНИЕТО!
- Денес ја имаме Државната ЛИЦЕНЦА!
- Денес сме членка на Скопскиот Универзтетет „Свети Кирил и Методиј“!
Запонете го овој ден сие вие, а особено Вие драги студенти на овој Факултет!
Радувајте се и радоста Ваша нега биде полна! Амин.
А сега му давам збор на проф. д-р Методи Чепреганов да го произнесе своето предавање. Заповедајте професоре! “
проф, . д-р Методи Чепреганов-
„СТРЕС И РАСТРОЈСТВА ВО ПРИСПОСОБУВАЊЕТО-адаптацијата“
„Вероватно најчесто употребуваниот збор во секојдневниот живот. Во оваа дебата Проф. Санџаковски, проф. Џонов и јас ке се обидеме да ве запознаеме и внесеме во тајните на стресот во нашето секојдневие, секој од свој аспект, имено Проф. Санџаковски од теолошка гледна точка и толкување, а проф. Џонов и јас од психијатриски аспект. Темата е цивилизациска, секогаш отворена, неисцрпна, но и крајно енигматична
Според МКБ-10, (меѓународна класификација на болести) во оваа категорија се вклучени одредени растројства кои можат да се идентифицираат не само по симптоматологијата туку и по причинската поврзаност со одредени стресогени животни ситуации кои создаваат акутна стресна реакција или пак значајни животни промени, односно континуирано непријатпи околности, што доведува до растројства во приспособувањето.
Растројствата (или маладаптивнитпе одговори) настануваат како директна последица од акутниот тежок стрес или пак на континуирана траума - пролонгирана стресогена состојба“. ( Повеќе)
Проф. д-р Илија Џонов
Проф. д-р Стефан Санџаковски.
Посети: {moshits}