Во саботата на Лазаровото воскресение, нашиот надлежен архиереј-Митрополитот Методиј, во храмот на Светиот Георгиј Кратовски во Детроит отслужи Бозествена Литургија. Посебно беше задоволството да се чуе словото изречено од Владиката во врска со самиот празник.
И следниот ден храмот беше преполн од сите оние кои дојдоа да го прослават празникот на Христовото Влегување во Ерусалим. Постилајќи ја својата облека низ храмот И со палмовои гранчиња во рацете, луѓето се радуваа на овој голем ден, после кој доагаат деновите на старданијата на нашиот Господ. Денови во кои со целото наше бите треба да се припремиме за најрадосната вест која наскоро ни доаѓа!
Известува: Марјан Радевски