логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Naum.Velig2.jpg

 Naum.Velig2.jpg

   

 

Зар не гореа срцата наши?

 

А кога седеше со нив на трпеза, зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаде; тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Он стана невидлив за нив. И си рекоа еден на друг: „Зар не гореа срцата наши кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?“ (Лука 24, 30-32).

Деца, знаете дека срцето е центар на сите наши душевни и телесни сили. Што е најважно, суштината на нашиот ум се наоѓа во нашето срце. Свети Макариј вели: Срцето е господар и цар на целиот телесен организам, и кога благодатта ќе го заземе подрачјето на срцето, таа владее со сите негови делови и со сите негови мисли. Зашто во срцето живее умот, и сите мисли на душата, и нејзиното исчекување на идните добра.

Светите Отци Го послушаа Богочовекот Исус Христос, Којшто вели дека од срцето излегуваат зли помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули, и дека сето тоа го осквернува човекот (види Мат. 15, 19-20), како и тоа дека најнапред треба да ги очистиме чашата и чинијата однатре за да бидат чисти и однадвор (види Мат. 23, 26), и започнаа да се подвизуваат пред сè во ‘чувањето на срцето’. Затоа и до ден денес од личен опит можат да ни сведочат дека преку ‘чувањето на срцето’ лесно се стекнува и секоја друга добродетел, а дека без тоа никој не може да се утврди во ниту една.

Но, што е нашиот личен темел за овој подвиг? Што друго ако не благодатта на светото Крштение. Свети Дијадох Фотикиски вели: Благодатта ја крие својата присутност во оној што е крстен, чекајќи душата да ја посака. Кога пак целиот човек наполно ќе се сврти кон Бога, тогаш во неискажливо доживување благодатта открива дека е присутна во срцето... Ако човекот почне да напредува држејќи се до заповедите и неуморно повикувајќи го Името на Господ Исус Христос, тогаш се разгорува огнот на божествената благодат до крајните граници на срцето, спалувајќи го јасно и видливо целиот какол на земјата на човековото битие... Од нас се бара во внатрешноста на умот (кој во себе се притеснува) непрестајно да изговараме (‘Господи Исусе Христе...’). Притоа тој не треба да лута во никакво мечтаење.

 Но ова ‘разгорување на огнот’ кое го спомнува свети Дијадох (како и другите Отци) има свој почеток, средина и крај во зависност на кое ниво од својот духовен развој се наоѓа човекот.

Да го проследиме најнапред кажувањето на свети Теофан за разгорувањето на првото ниво, додека при молитвата уште се случува чистењето на енергијата на умот: На почетокот вниманието се задржува во срцето, со напрегање на волјата и со својата сила ја раѓа топлината во срцето. Таа топлина потоа го одржува вниманието без особено напрегање. Потоа тие меѓусебно се поттикнуваат и мора да пребиваат во нераздвојност, бидејќи расејувањето на вниманието доведува до намалување на топлината, а намалувањето на топлината – до слабеење на вниманието. Оттука произлегува законот на духовниот живот: ‘држи го срцето во чувство кон Бога, и секогаш ќе пребиваш во сеќавање на Бога’. Оваа мисла на едно место ја изрекол свети Јован Лествичник.

Внимавајте, деца, на две работи. Прво, на ова ниво уште не станува збор за духовна туку за обична телесна топлина која помоага да се стекнеме со духовната. И второ, за кое било ниво да станува збор, никогаш за време на молитвата вниманието не треба да се насочи кон топлината, и ниту кон што било друго освен кон Оној на Кого Му се принесуваме. Aко некому му се случи ова второво, таквиот нека знае дека тоа е сигурен начин да не ја добие или да ја изгуби веќе добиената молитва на срцето.

Што велат светите Отци за ‘горењето на огнот’, односно за духовната топлина кај оние што се наоѓаат на второто ниво, кои веќе го добиле дарот на умносрдечната молитва?

Прво да го слушнеме свети Дијадох: Оние што ова свето и преславно Име непрестајно мислено го држат во длабочините на своето срце, ќе бидат во состојба да ја видат светлината на својот ум (т.е. јасноста на мислите или одреденото сознание за сите внатрешни движења). Освен тоа, доколку ова прекрасно Име со поголемо внимание се држи во мислите, забележливо ја спалува секоја нечистотија што се појавува во душата. Бидејќи, според зборовите на Апостолот, ‘нашиот Бог е оган кој го спалува секое зло’ (Евр. 12, 29). Затоа Господ ја доведува душата до голема љубов кон Неговата слава. Задржувајќи се во топлото срце преку сеќавањето на умот, преславното и многу посакувано Име во нас создава навика Неговата благост да ја љубиме бескрајно. Имено, тогаш повеќе нема ништо што би поставувало пречка. Тоа е оној скапоцен бисер којшто се стекнува со продавање на сиот имот. И [човекот] стекнува неискажлива радост што го нашол (види Мат. 13, 46).

А потоа и свети Теофан: Кога срцето ќе ви се загрее од божествената топлина, ќе започне вашето внатрешно преобразување. Тој оган ќе изгори и ќе растопи сè во вас. Кажано со други зборови, ќе започне сè да одухотворува сè дури сосема не ве продухови. Сè додека не се појави тој оган, нема да има одухотворување, колку и да се напрегаме кон духовното. Значи, целата работа сега е во тоа како да го добиеме тој оган. И ве молам да го насочите целиот свој труд кон тоа.

За третото ниво – обожението, односно за преминувањето на топлината во светлина која пак го преобразува и просветлува целото тело, нема потреба да зборуваме сега. Само сакам да ви посочам едно сведоштво на свети Григориј Палама: Дури и телото учествува во благодатта којашто делува на умот, па и тоа се врти кон него [умот], примајќи и самото од непојмливите тајни на душата’. Тогаш телото станува ‘на необичен начин прозрачно и топло’, т.е. ја чувствува чудната топлина која следува по созерцанието на Светлината. Слично се случува со свеќата: кога ќе се запали, нејзиното тело, односно восокот, истовремено е топло и просветлено.

Гледате деца, срцата на Апостолите гореа од внатре уште додека Хрстос им говореше по патот (вие сте веќе чисти преку словото што Сум ви го проповедал – Јован 15, 3), но очите им се отворија дури при прекршувањето на лебот. Господ јасно ни ја предочува светата Тајна Евхаристија, односно Црквата како единствено место, а и време, на дарот на Боговидението и на Богопознанието.

 

Митрополит Струмички Наум

Посети: {moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

« »

Православен календар

 

16/01/2025 - четврток

Светиот пророк Малахија; Светиот маченик Гордиј; Света Геновева; Претпразненство на Богојавление;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари  2025

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари 2025

Глас 3Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на нашите согрешенија.

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Во вечниот ден Господов,лице в лице проповеда Апостолот да се видиме, а ти Пророче на Христовото доаѓање,со Ангелот вазден собеседеше, благодатта...

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Од младоста Христа си го засакал, Блажен,    на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.   Си се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная