логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

balaklija1.jpg 

Извадок од Беседата на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на празникот на Пресвета Богородица, наречен Источен Петок - Балаклија


Stefan.Balaklija.jpg

Возљубени во Господа,
во петокот по Велигден, во петокот во Светлата седмица, Светата Црква го чествува споменот од осветувањето на храмот посветен на Пресвета Богородица, наречен живоносен извор. Храмот го изградил царот Лав Велики за спомен на настанот, кога еден слеп човек минувајќи низ една шума, барем за тоа време, побарал вода па бил однесен, од страна на тогаш младиот Лав, на еден близок извор од чија вода, откако слепиот се напил и ги оплакнал, ги замил своите очи, прогледал. Тогаш, излекуваниот човек му претскажал на Лав дека тој ќе постане цар, што и се случило. Во тој храм подоцна, се случиле уште многу чуда. Царот Јустинијан Велики, исто така, се излекувал од тешка болест миејќи се со таа вода. Па подигнал подоцна и поголем храм од оној изградениот од Лав Велики. Исто така тука здравје нашле и Василиј, непријателот на нашиот Самуил, Лав Мудриот и неговата сопруга Теофана, па царот Роман. На местото на познатиот Храм на живоносниот извор денес се наоѓа познатата капела Палуплу, близу до прочуената Златна врата на старите гратски ѕидини од стариот Цариград.

Инаку, возљубени во Господа и покрај сите непријатности што ни беа приредени на неколку дена, како и спроти самиот Велигден, со Божја помош го дочекавме и му се радувавме на празникот над празниците, на настанот над сите настани, на чудото над сите чуда, го дочекавме и ние како народ и му се радувавме на Христовото сепобедно Воскресение.
Ќе повторам, зашто тоа многупати го велам дека ниеден друг празник, ниедно друго чествување, не предизвикува толку размислување за тоа што се Господ претрпел за нас луѓето. Не само што слегол од небото, не само што се родил како човек, не само што бил обвинет и измачуван, туку претрпел и распнување на крст, бил погребан и воскреснал. Тоа била неповторлива пројава на Божјата грижа за спасение на човечкиот род. Бог поради љубов претрпел и смрт, за да се врати единството меѓу Него и родот човечки.

Но и по, речиси, 2000 години од тој настан, еве, потребно е и денес да размислуваме за тоа што христијанската наука, што нашата Вера му даде и му дава на човечкиот род. На ова уште повеќе треба да размислуваме по последните настани што се случија по одлуката на Уставниот суд со која се суспендира Законот за основно образование, со кој беше предвидено вероучение за учениците од петто одделение. А Законот за основното образование беше донесен по сите потребни процедури, со јавна расправа кога сите можеа да кажат свои мислења. И ако не беше добар да го подобрат или едноставно да се спротивстават на неговото донесување.
Но како и да е, верата во Македонија имаше свој Велики Петок и тоа наспроти овогодишниот Велики Петок, Уставниот суд со својата одлука ја распна веронауката во нашето образование и тоа најмногу, претпоставувам, врз основа личното уверување и безбожниот став на мнозинството од судиите.

Инаку, должни сме да ги почитуваме институциите меѓу кои, секако и најмногу, Уставниот суд. Но, на смее да не се почитува и определбата при изборот на децата и нивните родители, каков што беше случајот за вероучението. Ако меѓу православните 70% и меѓу муслиманите 95% доброволно се определиле за вероучение, што треба да сториме и како да се однесуваме. Што треба да направи Црквата? Дали треба да им аплаудира на уставните судии или јавно да каже дека и тие можат да погрешат и дека Уставот треба да биде во функција на слободата и демократскиот избор на граѓаните. Исто така не треба да ги премолчиме ниту изјавите и коментарите дека не било потребно да се учи за Бога, за верата, за моралот и слично, зашто тоа било назадно.

Ќе потсетам, и најголемите научници биле длабоко религиозни и скоро сите му благодариле најпрво на Бога за своите постигнувања во науката што ја избрале. И денес, сеуште ги ползуваме нивните откритија, но, за жал не им ја почитуваме нивната Вера. Немаме ништо против Дарвин, иако би било добро и денес некој мајмун да постане човек. Или, не треба ли децата да знаат дека човекот, покрај од мајмун, потекнува и од Бога. Она што им изгледа поприфатливо и поуверливо, тоа и нека го одберат - меѓу Господ и мајмунот како создател на Човекот. 

 

Храм на св. Јован Кристител, Скопје

Посети: {moshits} 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

« »

Православен календар

 

09/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (на масло)

Св. свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски; Св. маченици Теодора и Дидим; Св. Давид Гареџиски; Св. Јован Руски ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная