логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Недела на слепиот

Тогаш повторно го повикаа човекот што беше порано слеп и му рекоа: „Прослави Го Бог; ние знаеме дека Оној Човек е грешен”. А тој одговори и рече: „Дали е грешен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам”. Пак му рекоа: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?” Тој им одговори: „Јас ви реков веќе и не чувте, што сакате пак да чуете? Да не сакате можеби и вие да Му станете ученици?” А тие го укорија и му рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви ученици. Ние знаеме дека со Мојсеј говорел Бог; а Овој не знаеме од каде е”. Одговори човекот и им рече: „Тоа и е за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене, сепак, ми ги отвори очите. Знаеме дека Бог не слуша грешници: но оној што Го почитува Бог и ја исполнува Неговата волја, него го слуша. Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден. И ако Он не беше од Бог, не можеше да направи ништо”. Одговорија и му рекоа: „Сиот си во гревови роден, па зар ти нас ќе нè учиш?” И го испадија надвор.

Исус чу дека го истерале, па како го најде, му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?” Тој одговори и рече: „А кој е, Господи, па да поверувам во Него?” Исус му рече: „И си Го видел, и Кој зборува со тебе, Он е”. А тој рече: „Верувам, Господи!” И Му се поклони (Јован 9, 1-38).

Се случија две средби помеѓу човекот и Христос: првата додека уште беше слеп и додека со благодарност и смиреност го носеше својот Крст; и втората, кога веќе беше прогледал и откако Го правдаше Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со човекот: првиот, кога не поверуваа дека бил слеп; и вториот, кога сакаа да го омаловажат делото Христово и Самиот Христос. И додека фарисеите паѓаа од грев во грев затоа што прво му згрешија на човекот, а потоа и на Самиот Господ, за тоа време човекот напредуваше од сила во сила, прво просветлувајќи се, а потоа восовршувајќи се.

Ова евангелие опишува само уште еден школски пример, од многуте во Новиот Завет, на судирот помеѓу оние што се држат до словото на Законот, кое убива, и оние што го почитуваат Духот на Законот, Кој оживува; помеѓу оние кои на сè што не одговара на нивното самољубие се спротивставуваат со празни зборови и оние што на празните зборови им се спротивставуваат со дела; помеѓу оние што се служат со лични дисквалификации и оние кои што се личности; помеѓу оние што се грижат само за својата надворешност и оние што се грижат пред сè за својата внатрешност; помеѓу оние што самодоволно престојуваат во темнината на својот ум и оние кои постојано го просветлуваат својот; помеѓу оние кои се кријат позади авторитетот на институцијата и оние кои се носители на харизмата, на дарот на Светиот Дух.

Гледајте колку празните зборови и личните дисквалификации се немоќни пред добрите дела: „Прослави Го Бог; ние знаеме дека Оној Човек е грешен. А тој одговори и рече: Дали е грешен, не знам; но знам дека бев слеп, а сега гледам”. И што да одговорат на проверениот и потврден факт дека човекот беше слеп, а сега гледа? Со која човечка мудрост и домисла би му се спротивставиле на овој факт на сите познат? Со кои зборови би му се спротивставиле на кое било добро по Бог дело, а камоли на Лично Божјото...

Но, дали после ова следи покајание или уште едно промашување? Фарисеите се обидуваат да го дознаат рецептот за успехот, како да е тоа некое тајно знаење што може само со разумот лесно да се достигне и научи, како да е тоа некоја независна безлична моќ, како да е тоа нешто што се продава и купува: „Што ти направи? Како ти ги отвори очите?” Кога не би знаел дека човекот, односно Господ преку него, најдобронамерно ги потсетува на растењето во личниот однос како пат до таа моќ, би си помислил дека човекот се шегува со нив: „Јас ви реков веќе и не чувте, што сакате пак да чуете? Да не сакате можеби и вие да Му станете ученици?”

Но, дали и после ова следи покајание на фарисеите или уште едно промашување? Еве како луѓето без авторитет се кријат позади авторитетот на институцијата што ја претставуваат, а со која очигледно немаат никаква врска: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви ученици. Ние знаеме дека со Мојсеј говорел Бог; а Овој не знаеме од каде е”. Кога не би знаел дека човекот, односно Господ преку него, најдобронамерно ги потсетува на духовниот закон на послушанието, повторно би си помислил дека човекот се шегува со нив: „Тоа и е за чудење, што вие не знаете од каде е, а мене, сепак, ми ги отвори очите. Знаеме дека Бог не слуша грешници: но оној што Го почитува Бог и ја исполнува Неговата волја, него го слуша. Откако е веков, не се чуло некој да отворил очи на слепороден. И ако Он не беше од Бог, не можеше да направи ништо”.  Кога ќе видиме дека во животот нешто не ни оди како што сме замислиле, да не ги обвинуваме другите за тоа, туку самите себе; тоа е сигурно затоа што и ние не Го слушаме нашиот Отец небесен и не ја исполнуваме волјата Негова.

Но, дали и после ова следи покајание на фарисеите или уште едно промашување? Просудете сами: „Сиот си во гревови роден, па зар ти нас ќе нè учиш?” И како што во продолжеток вели евангелието: тие го испадија надвор. Тоа е сведоштво на немоќта, за покајание.

Но кога фарисеите ќе ве отфрлат од себе, не плашете се туку радувајте се, тоа е само сведоштво дека Самиот Христос ве пронашол и прифатил и дека Самиот Христос ве води и внесува во сета Вистина. Исус чу дека го истерале, па како го најде, му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?” Тој одговори и рече: „А Кој е, Господи, па да поверувам во Него?” Исус му рече: „И си Го видел, и Кој зборува со тебе, Он е”. А тој рече: „Верувам, Господи!” И Му се поклони. А кога Богочовекот Исус Христос нè води, тогаш телесниот подвиг преминува во аскетска љубов кон непријателите, па и во мачеништво заради Него; тогаш умната молитва преминува во умносрдечна, па и во непрестајна; тогаш гледањето на првата светлина преминува во просветленост, па и во несоздадена светлина Божја; тогаш верата преминува во знаење, па и во предзнаење.

Митрополит Струмички Наум

Посети: {moshits}

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Православен календар

 

28/06/2025 - сабота

Петровденски пости (на риба)

Св. пророк Амос; Св. маченици Вит, Модест и Крискентија; Преп. маченик Дула; Блажениот Августин, епископ Ипонски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица Акилина  26 јуни/13 јуни  2025

Тропар на св. Христова маченица Акилина 26 јуни/13 јуни 2025

Избран саду на Божјата благодат,Акилино света девственичке,радост на ангелите, посрамување на демоните,моли се, о, ти јагне Божјо,за оние кои Неговата...

Тропар на светиот  Христов подвижник Онуфриј Велики  25 јуни/ 12 јуни  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Онуфриј Велики 25 јуни/ 12 јуни 2025

Блажен си ти о велики Онуфрие,кого Бог во борба го поведе,да покаже и посведочи дека телото може да се победи,стариот...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная