12. 07. 2009 год.- храм на св.Димитриј, Скопје

Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 28)

Во она време, кога дојде Исус во земјата Гергесинска, Го сретнаа двајца бесни, излегле од гробиштата; беа толку лоши што не смееше никој да мине по тој пат. И ете, извикаа и рекоа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да нè мачиш?“ А далеку од нив пасеше голем број свињи. И бесовите Го молеа и говореа: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме во свињине!“ И Он им рече: „Отидете!“ И тие излегоа и отидоа во свињите. И одеднаш сите свињи се сурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата. А свињарите побегнаа и штом дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа и за она, што се беше случило со бесните. И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исуса и кога Го видоа, Го замолија да си отиде од нивниот крај.


Belcovski.Petrovden3.jpg

Во петтата  недела по Педесетницана, на  денот кога Светата Црква го слави споменот на светиот апостол Петар и светиот апостол Павле, во храмот на св. Димиртија, во Скопје,   се  отслужи Божествена Литургија.

 Belcovski.Petrovden3.jpg   Belcovski.Petrovden3.jpg

 Belcovski.Petrovden3.jpg

 Подготви: Илија Маџар

Посети:{moshits}